Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години

„Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е убиен’. Собрав сила и истрчав до сопругот. Жељко крвареше, пробав реанимација. Врескав некој да викне Брза помош, додека му вадев крв од устата“, раскажала Цеца за убиството што се случи во јануари 2000-тата.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-01.jpg

На 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Иако оттогаш поминаа 26 години, неговата вдовица, Цеца Ражнатовиќ никогаш не ја преболе смртта на сопругот.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-06g.jpg

Брзо по погребот, Цеца се повлече од јавноста на една година и времето го поминуваше со своите деца, синот Вељко и ќерката Анастасија.

Тие секоја година, на овој ден, заедно одат на гробот на Аркан за да се потсетат на него и да му оддадат почест на водичот на српската доброволна гарда.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-04g.jpg

За убиството на Аркан, кое се случило во холот на хотелот, додека Цеца била во еден од своите бутици, кои ги имала во тоа време таму, таа раскажала пред судот во Белград.

Пејачката признала дека со неа имала пиштол, кој бил во нејзината чанта, но од кој не било пукано кон убијците на нејзиниот сопруг.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-05g.jpg

„По пристигнувањето во хотелот, сите отидовме во бутикот La France, а половина час подоцна, Жељко излезе да го најде својот пријател Манда.

Јас со сестра ми повремено шетав низ своите бутици и поминував покрај сепарето во кое Жељко седеше со Манда и Гариќ.

Во еден момент покрај него седна и Бранко Јевтовиќ Јорга, а кога дојдов следниот пат, тој веќе не беше таму.

Седнав малку покрај сопругот и отидов во La France.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-07g.jpg

Во еден момент во бутикот со трчање влета Ѕвонко Матеовиќ, бараше да му дадам пиштол зашто тој ги испукал сите куршуми од своето оружје.

Му го дадов мојот револвер, но тој не испука ниеден куршум од него.

Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е убиен’.

Собрав сила и истрчав до сопругот. Гариќ лежеше на подот.

Жељко крвареше, пробав реанимација. Видов дека Манда е мртов на лице место.

Врескав некој да викне Брза помош, додека вадев крв од устата на Жељко“, рекла Цеца во својата изјава.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-03g.jpg

Пејачката стана вдовица на неполни 27 години.

Аркан имаше 48 години кога беше убиен.

ceca-nosela-pishtol-so-sebe-detali-za-ubistvoto-na-arkan-pred-26-godini-02g.jpg

Прочитајте и Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина близина

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Цеца (52) без грам шминка се снима додека пее со македонски пејач - Oткри најслаба била со 54kg, а с... На видеото со Иван Милевски пејачката изгледа свежо и негувано дури и без шминка...

Најчитани неделава