Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чистам“

„На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не ме малтретираш да чистам. Кога се омажив, дојде и ми рече - станувај од спиење, маж ти ќе си дојде од работа, а тој ѝ велеше да ме остава да спијам, дека му треба среќна жена“ – Цеца во гостување кај Гоца Тржан зборува за деновите од младоста и како Аркан ја третирал.

ceca-za-zhivotot-kako-mlada-devojka-kaj-mazh-mi-bev-kako-princeza-kaj-majka-mi-morav-da-gotvam-i-da-chistam-01.jpg

Светлана Ражнатовиќ Цеца неодамна гостуваше во новата емисија на Гоца Тржан, каде зборуваше на повеќе теми од приватниот живот и си ја отвори душата пред публиката.

Покрај многуте теми кои ги поминаа низ пријатен и опуштен пријателски разговор, се осврнаа и на тоа како Цеца била третирана од сопругот Аркан, но и каква девојка била во младоста.

Таа признава дека кај мајка ѝ морала да помага во домашните обврски, а кога се омажила, живеела како принцеза, како што посакувала секојпат кога имала желба да си оди од семејниот дом.

На прашањето од Гоца, „Миеше ли таму садови“, Цеца на подолго образложува:

„Па да бре, јас сум прилагодлива жена. Не сум растена во замок, јас сум девојка од едно мало место.

Принцеза бев кај мажот, а кај мајка ми Бога ми не бев принцеза, морав сè да знам. И да зготвам и да исперам и да исчистам и да испеглам, сè тоа правев кај мајка ми.

Ама секогаш ѝ велев – Боже, кога ќе се омажам, значи ќе ме служат жени и ќе ме ладат, само ти веќе да не ме малтретираш да ја средуваме со сестрите куќата.

А таа само ќе речеше - Ајде метла во раце или правосмукалка во раце – тоа што ѝ е на баба мило, во сон ѝ се сонило. Брзо, ајде!

До 20 години живеев со мајка ми и татко ми и потоа се омажив.

И еден ден доаѓа таа на гости, јас спијам, 1 часот попладне е, своја газдарица сум си во својата куќа, кога некој ме буди со тапкање по рамо и вели Станувај.

Ѝ велам – што се случило? А таа – Станувај моментално од кревет, мажот ти доаѓа од работа, поставен е ручекот, ти уште спиеш, како бре не ти е срам.

Па зошто да ми е срам, ќе спијам до кога ќе сакам, што ти е жено не ми наредуваш веќе.

А маж ми вели, Миро па тоа е моја жена сега, немаш ти никакви ингеренции, нека спие додека сака, мене ми треба среќна и задоволна жена.

Па каде да најдам таков маж сега? Нема...“

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg