Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина на Ева Рас
- Детали
- сабота, 11 април 2026
„Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Неговиот партнер, фин и згоден 35-годишен маж, исто така беше таму. Роберт имаше 42 години. Не бев изненадена, бидејќи мајка ми ми кажа дека татко ми е геј и дека живее со маж“, рекла актерката Ева Рас за првата и последна средба со татко ѝ.

Актерката Ева Рас е родена во 1 јануари 1941 година во Суботица.
Имала тешко детство, живеела во лоши услови, сиромаштија и постојан страв за нејзиниот живот.
Но најголемиот шок за семејството се случил кога Ева имала само две години, а нејзиниот татко Роберт ги напуштил и признал дека е геј.

„Кога размислувам за детството, се сеќавам на Втората светска војна што беснееше низ Европа.
Сите беа среќни што дојдов на свет, а во исто време плачеа, бидејќи се плашеа за нашите животи.
Мајка ми подоцна ми раскажа за тешкотиите низ кои сме поминувале - сме немале дрва за огрев, храна, чевли“, кажала Ева во едно интервју.

Иако на тоа време не се сеќава, тврди дека во глава ѝ е врежано сеќавањето на заминувањето на нејзиниот татко, иако имала само две години.
„Звучи чудно, но се сеќавам на таа разделба. Мајка ми ме држеше во раце, а јас знаев дека човекот што стои до нас е мојот татко.
Очекував да ме земе, но не ме земаше. Долго мислев дека јас сум виновна за нивната разделба и дека тој не ме сака.
Сепак, тоа не беше причината зошто нè напушти. Тој ѝ призна на мајка си дека е хомосексуалец и си замина“, открила таа.

Ева го сретнала својот татко 20 години подоцна, во неговиот стан, каде што живеел со својот партнер.
По средбата, таа прекинала секаков контакт со него, делумно и поради заканите од нејзината мајка дека ќе се самоубие ако Ева продолжи да се гледа со него и да се зближува.
„Кај него отидов заедно со мојот сопругот. Поминаа 20 години. Неговиот партнер, фин и згоден 35-годишен маж, исто така беше во неговиот стан.
Роберт имаше 42 години. Не бев изненадена, бидејќи мајка ми ми кажа дека татко ми е геј и дека живее со маж. Тој го криеше тоа од сите поради времето во кое живееше.
Тоа беше нашата прва средба откако ме напушти. Ми рече: „Да не беше Втората светска војна и да беше порасната во моја близина, никогаш немаше да ти дозволам да бидеш актерка“. Тоа беше и нашата последна средба.

