Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина на Ева Рас
Ова е само една од трагедиите во животот на актерката.
Прво го загубила сопругот, во 1982, на 50-годишна возраст. Тој имал проблеми со срцето од раѓање и дури 32 лузни на срцето.
„Ме придружуваше во воз за Будимпешта, каде што требаше да снимам филм. Кога се вратил дома, веднаш починал.
За неговата смрт дознав два дена подоцна. На мајка ми ѝ било чудно што тој не ѝ се јавил и не ѝ дошол на гости, а тоа секогаш го правеше кога бев на пат.
Отишла во полиција, ја скршиле вратата и го пронашле мртов во станот“, вели Ева.

Таа додала и дека 3 години била целосно полудена и вон себе.
„Дотогаш, никогаш не помислив дека ќе умреме.
Ќерка ми Круна тешко ја поднесе смртта на својот татко, имаше само 14 години“.
Ева во иста година ги загубила двајцата родители.
„Мајка ми почина на 15 септември 1986 година, а татко ми на 11 ноември истата година.
Кога тој дознал дека мајката починала, испил многу алкохол за да си го одземе животот“.

Но, најголемата болка Ева ја доживеа со смртта на нејзината ќерка Круна во Париз.
Телото било донесено во Белград со помош на Министерството за култура, бидејќи таа немала пари да плати за ова.
Круна починала под нејасни околности, а оттогаш Ева не ја соблече црнината.
„Никогаш нема да дознаам како починала. По еден месец истрага, француската полиција ме извести дека починала од природна смрт. Зошто и на кој начин, не знам ни денес.
Што и да се случи, јас сум нејзина мајка и таа секогаш ќе биде моја ќерка.
Министерството за култура плати нејзиното тело да биде донесено од Париз во Белград, бидејќи немав пари.
Оттогаш носам црно и не сум го соблекла затоа што тагата не може да исчезне. Тоа црнило ме штити од сите натрапници. Кога некој е во црно, луѓето се помалку груби кон него“, рекла Рас.

А. Ј. | Црнобело
