Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојана Лазиќ?
- Детали
- недела, 07 декември 2025
„После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа цвеќе, чоколади... Но никогаш не сум сакала да бидам со некој познат, доволно е што бившиот маж ми е популарен“, вели водителката на ТВ Пинк, Бојана Лазиќ.

Црногорката Бојана Лазиќ со години е едно од заштитните лица на ТВ Пинк. Убавата водителка секоја недела ја води емисијата „Премијера викенд - Специјал“, а од неодамна и шоуто „Пинкове звезде“, заедно со Огњен Амиџиќ.
Иако кариерата ја почна во „Гранд“, денес важи за една од омилените водителки во конкурентската телевизија „Пинк“.
Пред камерите Бојана е секогаш насмеана и сталожена, но нејзиниот приватен живот, иако без скандали, имал многу турбулентни моменти.

Што знаеме за Бојана Лазиќ?
Родена е во Подгорица во јули 1986 година, но на свои 18 години се преселила во Белград за да студира глума.
За тоа време вели дека ѝ било најтешкото во животот.
„Не само што немав никој од фамилијата со мене, туку немав ни пријатели. Тогаш почнав да запознавам луѓе.
Денес е поинаку, го имам син ми, најдобрите пријатели ми се тука, имам кума, но и работа што ја сакам, а Белград е мојот град, тука ми е најубаво на цел свет“, рекла таа во едно интервју.

Во Белград го запознала и актерот Жарко Лазиќ, со кого се омажила и добила син.
Додека биле во брак, за да придонесува финансиски за семејството, таа работела во ресторан.
За разводот од него, вели дека ѝ бил многу стресен, исто колку што ѝ бил стресен и разводот на нејзините родители.
„Тие две ситуации најмногу ме ‘изместија’. Беше тешко, но денес сме во феноменални односи со Жарко.
Заедно го воспитуваме синот и иако мојот бивши сопруг знае да каже дека Матеја е поблизок со него, јас тврдам дека имам подобар однос со нашиот син“ - рекла во едно интервју Бојана.

По разводот, вели дека ѝ се додворувале секакви мажи, меѓу кои и спортисти, музичари, политичари, ѝ носеле цвеќе, чоколади...
„Во тоа време не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Но никогаш не сум сакала да бидам со некој познат, доволно е што бившиот маж ми е популарен“, рекла таа, а тврди дека политичари ѝ се додворуваат и сега, но помалку.

Бојана сега е во љубов со маж кој не е дел од јавниот живот.
Признава дека е среќна, и дека станува збор за голема љубов, но и дека не би сакала да се омажи пак.
„Не би стапнала на лудиот камен, но би сакала да имам ќерка. Отсекогаш сум се гледала како мајка на син и на ќерка. Не се знае, можеби Бог ќе ми даде и ќерка“, вели таа.

А. Ј. | Црнобело
