Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја нанесува“

„Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, дека се судрил со автомобил, дека правел липосукција и изгубил 100 килограми. Дека возел пијан, дека бил претепан, дека ја изневерил жената, дека го фатиле со проститутка... Ќе почнам да халуцинирам - Дарко Лазиќ, Дарко Лазиќ...“

ne-znam-nitu-edna-pesna-od-darko-lazikj-nitu-kje-znaev-kako-izgleda-chovekot-ako-sekoj-den-ne-mi-izleguvaa-vesti-za-nego-01.jpg

Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна имаше тешка сообраќајна несреќа, која се случила во близина на белградска Арена, и веста ја пренесоа сите регионални медиуми.

Но, на страна од овој немил чин, многу настани од секојдневието на овој пејач секојдневно се тема во српските медиуми, па српскиот писател Стефан Симиќ го крена својот глас против тоа.

Неговата објава на темата, стана вирална на Фејсбук, и гласи:

Не знам ниту една песна од Дарко Лазиќ.
Ниту ќе знам како изгледа човекот, ниту кој е, ниту што е, ако секој ден не ми излегуваа вести за него.

Така што, ни крив ни должен — дознав.

Дека се здебелил, дека ослабел, дека се судрил со автомобил, дека правел липосукција и изгубил 100 килограми.
Дека возел пијан, дека имал тешка несреќа, дека преживеал, дека бил претепан.
Дека ја изневерил жената, дека го фатиле со проститутка, дека е на диета, дека веќе не е на диета... И така во недоглед.

Секој ден, буквално.

Ќе почнам да халуцинирам - Дарко Лазиќ, Дарко Лазиќ...
Ќе се навлечам, нема да можам да живеам без него, без вести за него.

А мене воопшто не ме засега, ниту го следам, ниту сакам да знам.
Ама постојано ми излегува.

Зошто е толку важен тој човек?
Па, нормално дека не е.

Ама медиумите ќе се фатат за некој несреќник,
Па, со години ќе те бомбардираат со вести за него.

Можеби идеалот на српската мајка е да го има за зет, бидејќи не може за љубовник или може, кој знае какви му се афинитетите.

Пред да влезе во „Ѕвездите на Гранд“, бил фризер.
Простодушен и не многу елоквентен.
Шарматен и убав на еден селски начин, какви што има кај нас со тони.

Значаен за нашата музика колку што сум јас за нуклеарната физика.

Како да го направил Саша Поповиќ - всушност и го направил, ама на поинаков начин.
А што ќе направи Саша, да не речам што ќе „поправи“, тоа нема утка.

Ама каква врска има тоа со мене?
Зошто мене со тоа ме тероризираат?

Ниту сум просечна српска мајка, ниту просечна српска снаа.

Не, сериозно, ќе го тужам Дарко Лазиќ за душевна болка што ми ја нанесува.
А притоа, тој човек не мора ни да е лош, ни многу паметен, ни многу глуп - сосема небитно.
Ама е дел од машинеријата, и потоа го користат.

Така што и јас, што живеам скоро 20 години без телевизор, ниту читам весници...
Секој ден слушам за Дарко Лазиќ.

И не само што слушам, туку можам да ви ја раскажам целата негова биографија.
И кога е роден, и каде е роден, и каде живеел и уште триста чуда.
Така беше и едно време со Киа и Луна, претходно со Екрем и Змај.

И ние што не сме ријалити публика,
Стануваме.

И ние што немаме никакви допирни точки со тој свет,
Сакаме - не сакаме, го впиваме сето тоа.

Дарко Лазиќ, па Дарко Лазиќ.

Ајде, живејте.
И само молете му се на Бог да не ве посети Дарко Лазиќ во сон.
Траума таква не ви треба.
Живејте!

Прочитајте и Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ја сака“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
„Натерав оженет маж да се разведе за мене, а потоа го оставив“: Скандалозниот љубовен живот на Сузан... Првиот маж ја омаловажувал, велејќи ѝ дека не е ни млада ни убава, па за да го з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg