Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото)
- Детали
- среда, 01 април 2026
Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрвото и природните бои, насекаде има високи дрвја со зелени листови за мир, а имаат и голема игрална со шатор каде периодов пејачот пронаоѓа мир со своите три деца, но и со внуците од неговиот починат брат.

Фолк пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина живеат далеку од градската бука, во неговото родно место Брестач, каде целосно ја реновираа двокатната куќа.
Таму тие си создале своја оаза, но по малку уживаат и во луксузот, исто како и нивната ќеркичка Срна.
Но, нивниот дом често го посетуваат и другите две деца на Дарко Лазиќ, а по трагедијата во која загина неговиот брат, тој кај себе ги чува и внуците.
Изминатиов период Дарко минува повеќе заедничко време во домот со сите свои деца и внуци од братот, трудејќи се да им овозможи мир и безгрижност, и покрај тоа што останаа без татко.
На Инстаграм пејачот објави видео како децата си играат во куќата, среде дневна соба, каде што се поставени голема игрална и шатор.

Но, освен детската игра, може да се забележи и уредувањето на домот, каде преовладува дрвото како материјал и природните, неутрални бои.

Во еден дел од дневната соба има и пијано, како и голем портрет од Дарко и Катарина, а насекаде низ и околу домот, има големи дрвја и растенија со зелени листови, кои служат за да внесат свежина, но и мир.

Во околината немаат соседи, па уживаат во приватноста, која дополнително им е овозможена од високата ѕидна ограда околу целата куќа.

Повеќе фотки на кои се гледа домот на Дарко и Катарина:




M. M. | Црнобело
