„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана мета на критики

„Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Само си помислив – луѓе, имате ли малку почит да пишувате такво нешто? Јас морам да издржувам три семејства“, изјави пејачот Дарко Лазиќ, кој имаше прв настап, по смртта на брат му Драган (32). Се огласи и неговата сопруга...

morashe-soprugata-go-brani-darko-lazikj-koj-se-vrati-na-peenje-po-smrtta-na-brat-mu-i-stana-meta-na-kritiki-01.jpg

Пејачот Дарко Лазиќ сè уште не може да закрепне од прераната смрт на неговиот брат, но иако целото семејство е завиено во црно, Дарко одлучи да се врати на работа, односно да продолжи со пеење.

Тој им се врати на настапите – за да излезе од дома, да биде меѓу луѓе, но и да заработува за живот и да издржува три семејства, како што се очекува од него, вели тој самиот.

morashe-soprugata-go-brani-darko-lazikj-koj-se-vrati-na-peenje-po-smrtta-na-brat-mu-i-stana-meta-na-kritiki-09.jpg

Во петокот, на 27-ми март, пред публиката во Словенија, беше неговиот прв настап, откако го изгуби брат му на 11-ти март.

По настапот во Словенија, реши да продолжи во ист ритам, па најави уште три нови настапи за наредниот викенд – два во Хрватска и еден во Босна и Херцеговина.

morashe-soprugata-go-brani-darko-lazikj-koj-se-vrati-na-peenje-po-smrtta-na-brat-mu-i-stana-meta-na-kritiki-12.jpg

Дарко отворено зборуваше за српските медиуми за критиките и осудата од луѓето кои коментираат што толку брзо се вратил на работа:

„Не знам што да кажам... Го прифатив тоа. Животот продолжува, а за жал понекогаш не е фер.

Но, мојата работа е да пеам и морам да продолжам. Сигурен сум дека ни брат ми не би сакал да престанам да пеам.

Прочитав коментари како ‘Срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Само си помислив – луѓе, имате ли малку почит да пишувате такво нешто?

Јас морам да издржувам три семејства.

Не би му посакал никому да го доживее ова што јас го доживеав. Нека гледаат помалку што правам јас, а повеќе во својот живот.

Им посакувам здравје и среќа – тоа е најважно.

Секој што ќе доживее трагедија сепак оди на работа.

morashe-soprugata-go-brani-darko-lazikj-koj-se-vrati-na-peenje-po-smrtta-na-brat-mu-i-stana-meta-na-kritiki-13.jpg

Така и јас морам да го работам мојот занает – за себе, за него и за моето семејство.“

morashe-soprugata-go-brani-darko-lazikj-koj-se-vrati-na-peenje-po-smrtta-na-brat-mu-i-stana-meta-na-kritiki-04.jpg

По ова се огласи и сопругата на Дарко, Катарина Лазиќ која објави видео од неговиот настап и напиша:

„Не постои вистински момент за враќање во живот по ваква загуба…

Но, животот, за жал, не застанува.

morashe-soprugata-go-brani-darko-lazikj-koj-se-vrati-na-peenje-po-smrtta-na-brat-mu-i-stana-meta-na-kritiki-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg