Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Сфативме дека сме создадени еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен проблем. Секој нека си го организира животот како што мисли дека е најдобро“ - вели најстартиот српски пејач, Андрија Бајиќ.

Андрија Бајиќ (88), кој го носи епитетот „најстариот пејач на српската естрада“ и поранешен член на дуото „Браќа Бајиќ“, ја изненади јавноста со признанието дека ужива во љубовта со Светлана Томиќ, пејачка која е 41 година помлада од него, а која настапува под псевдонимот Мала Цана.
Иако Андрија вели дека Цана му е десна рака и дека се како една личност, тој признава дека на почетокот на нивната врска имале големи проблеми, особено од семејството, а на неговите деца воопшто не им било пријатно што тој се гледа со двојно помлада жена.

„Јас и таа целосно се разбираме во сè. На моите деца на почетокот не им беше сеедно зашто има голема разлика во возраста и затоа што некој дојде на местото на нивната мајка.
Не е толку едноставно, но тие разбраа“, изјавил пејачот.

Тој додал и дека тие денес функционираат феноменално:
„Сфативме дека сме создадени еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен проблем. Секој нека си го организира животот како што мисли дека е најдобро“.
Покрај љубовната врска, парот има и деловна соработка. Тие често пеат заедно, а неодамна снимија и дует.

Андрија во текот на својот живот создал и песни кои се пеат и денес, а една од нив е песната што ја прослави Силвана Арменулиќ.
„Пред да ја испее мојата Nad izvorom vrba se nadnela, Силвана немаше хит. Сними нешто со Тома Здравковиќ и Перица Танасијевиќ, но тоа не беше тоа.
Кога ја сними оваа песна, таа почна да расте. Штета што си замина рано бидејќи беше одлична пејачка и дама“, рекол тој во едно дамнешно интервју.

А. Ј. | Црнобело
