Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со него

Иако Јелена и Душко ставија крај на својот брак по 16 години, пејачката остана во добри односи со мајката на Душко Тошиќ, а за неа во едно интервју зборуваше со многу љубов и почит.
„Морам да кажам, во врска со бабата на Атина и Ника, баба Кока, Николета, и за целото семејство на Душко - Јас нив ги обожавам и ги поздравувам во оваа пригода.
Тие мене многу ме сакаат и јас нив многу ги сакам, но најмногу Николета, мајката на Душко, за која можам да кажам дека многу ме сака и дека ми е жал за сè низ што поминува како жена која не е виновна за ништо и која многу бурно и тешко ги проживува сите овие години, меѓу другото и поради мене, па затоа ја поздравувам и ѝ ја испраќам целата моја љубов“.

С. С. | Црнобело
