Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени ми јавуваат“
- Детали
- четврток, 04 јуни 2026
„Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молитва. И сите знаат дека секој што ќе влезе во нејзината куќа мора да ја докаже својата лојалност така што безмилосно ќе ја плука Карлеуша“, вели Јелена за Цеца.

Јелена Карлеуша повторно се најде среде скандал со Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која со години има јавен конфликт, тврдејќи дека нејзината кариера е завршена и дека „кармата си го направила своето“.
Карлеуша наведе дека со години била мета на забрани, медиумски напади и, како што тврди, организирана кампања против неа поради неа, но дека и покрај сè опстанала на сцената.

Објавата на Карлеуша во целост, која ја стави во опис на видео од Аца Лукас:
„Драг мој Ацо, па зошто воопшто реагираш? Па, сите ја прочитаа „Наногица“ (така ја нарекува Цеца поради некогашната алка на ногата поради поициски притвор).
Од новинарите до публиката. Единствената што со децении не молчи и ја кажува вистината за неа сум јас.
Кога сите молчевте, јас не молчев. Затоа што ми нанесе многу зло.

Ги користеше политичарите и пријателите во медиумите за да ме забрануваат, да не можам никаде да пеам, да ме сатанизираат до таа мера што јавноста ќе поверува во тоа, а паралелно од неа да прават светица.
Бев немоќна тоа да му го објаснам на народот бидејќи бев сама против сите.
Но, сега и јас замолчев затоа што таа е завршена. Веќе не постои.
Од изгледот, преку гласот, до некогашната насилно наметната слава – сè исчезна.
