„Ќе нè чува од таму горе“ - Александра Шијакоска сподели дека синчето што го родила заминало во рајот
- Детали
- сабота, 24 јануари 2026
„Малото братче на Риан се роди денес и отсега ќе нè гледа и чува од рајот... Планот на Господ бил уште едно бебенце да испратиме во рајот“ – напишаа Александра Шијакоска и сопругот Едмонд во емотивни објави.

Кон крајот на 2025-та година, Александра Шијакоска сподели убави вести дека е бремена со второ дете, а со сина торта открија дека очекуваат момче.
Сепак, како што вели сега храбрата мајка, која доживеа низа турбуленции во изминатите години, планот на Господ бил уште едно детенце да испратат во рајот.
Нејзиниот сопруг Едмонд објави Инстаграм Стори со фотографија од тричлено семејство и мал ангел над нив и напиша:
„Малото братче на Риан се роди денес и отсега ќе нè гледа и чува од рајот... Најсилната жена на светот, Александра Шијакоска“.

Александра ја сподели фотографијата, а во своја објава на Стори напиша:
„Планот на Господ бил уште едно бебенце да го испратиме во рајот. Да нè чува сите од таму горе и да ги чува сите мајки и бебенца што допрва треба да дојдат на овој свет“.

M. M. | Црнобело
