Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, наместо силна“
- Детали
- петок, 06 март 2026
„Сакав да го прескокнам роденденот. После сè, мислев тивко да помине. Ама Риан пее „happy to you мајчиче“. Баш тоа ми требаше. Потсетник. Дека сум жива. Дека сум мајка. Да, изгубив дете. Двапати. Изгубив и многу други работи. Да, ме немаше. Да, многу болеше… Ама денес полнам 33“ - напиша Александра Шијакоска во емотивна роденденска објава.

Александра Шијакоска имаше тежок почеток на оваа година, кога повторно беше искушена нејзината сила.
На 24 јануари таа откри дека синчето кое го родила заминало во рајот, а оттогаш, се повлече од социјалните мрежи.
На 5 февруари таа наполни 33 години, а по повод роденденот, се огласи на Инстаграм.
Убавата и скромна битолчанка, направи роденденска фотосесија, облечена во бело и со торта, а напиша емотивна објава.
Со своите зборови, таа потсети колку може да бидат силни жените и мајките:
„Сакав да го прескокнам роденденот. После сè, мислев тивко да помине. Ама ова е мојот прв роденден каде што Риан разбира. Гледа свеќа и знае дека треба да ја дувне.
Пее „happy to you мајчиче“. Баш тоа ми требаше. Потсетник. Дека сум жива. Дека сум мајка. Дека Бог ме благослови со дете и покрај се што помина моето тело и мојот ум.

Да, изгубив дете. Двапати. Изгубив и многу други работи. Да, ме немаше. Да, многу болеше…
Ама денес полнам 33.
И наместо да бројам години, бројам сила што не знаев дека ја имам и се молам оваа година да сум среќна, наместо силна“.

Повеќе фотографии од роденденската фотосесија:








M. M. | Црнобело
