Александра Шијакоска го покажа животот на село, со животни и спокој: „Не ми пречат 20 минути возење до маркет“ (видео)
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
„Животот на село последните четири години... Има и позитивни и негативни страни и не е едноставно, ама вреди. Знам дека во иднина ќе ми биде сè потешко со дете со активности, земај-враќај, ама спремна сум“ - напиша Александра и сподели видео од тоа како изгледа нивниот живот во село.

Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд неколку години живеат во куќа на село, во близина на Битола.
Таа честопати зборува за благодетите од тоа што живеат далеку од бучавата и гужвата, опкружени со природа и животни.

Посебно сега, кога го имаат синчето Риан, посебно ужива во тоа што може да го израсне во природа, на чист воздух, со секаков вид на животни, од пилиња, мачки и кучиња до коњи во дворот.
Сега на Инстаграм, Александра сподели видео во кое покажа како им изгледа животот во село, a во описот стои:
„Не ми пречат 20-те минути плус поминати во возење до маркет, ако тоа значи дека децата ќе ми живеат вака“.

На снимката го има синчето како седи во трева и си игра во земја, или се нишка во релаксатор додека ги гледа животните, трчаат мачки и коњи, има прекрасна природа во околината, а младите родители уживаат во тој благослов.

Откако го сподели видеото, на Стори напиша:
„Животот на село последните четири години...
Како некој што цело детство го поминал на планина и во село, мислев дека сакам да живеам во најголемата гужва.
Ми требаа четири-пет години да созреам како личност, па да сфатам дека живеењето на село, со животни, е благослов.
Има и позитивни и негативни страни и не е едноставно, ама вреди. Знам дека во иднина ќе ми биде сè потешко со дете, активности, земај-враќај.... ама спремна сум.
Не би живеела ни во најубавoто место на светот.
Селото е новиот луксуз“.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело