Синот на Тони Михајловски наполни 14 години - сопругата со порака: „Секогаш верувај во себе“
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
„Од семе до прекрасно момче, со изграден карактер, јасна визија и план за животот“ - пишува во роденденската порака за Максим од неговата мајка Александра.

Александра Јорева Михајловски од Скопје, е советник за односи со јавност и маркетинг, но и жена која е 14 години во брак е со актерот Тони Михајловски.
Тие го имаат синот Максим, кој денес, 07.11, полни 14 години.

Александра му го честиташе роденденот со десетина фотографии објавени на Инстаграм Стори - од неговото растење, семејни мигови и патувања.
Таа за својот син напиша и убава порака:
„Од семе до прекрасно момче, со изграден карактер, јасна визија и план за животот. Секогаш верувај во самиот себе си и задржи го детето во себе“.

Максим е второто дете на актерот. Од првиот брак тој го има синот Александар, кој тргна по неговите стапки и е исто така, актер.
Погледнете ги фотографиите:



А. Ј. | Црнобело