„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во луксузен хотел во Кан
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
„Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пријател и најголемата сила...“, напиша емотивно Елена Најдоски по повод третата годишнина од брак со саканиот Бојан, која ја прослави со вечера во хотелот „Martinez“.

Елена Најдоски ја прослави годишнината од брак со саканиот Бојан Најдоски во Кан, град на Азурниот брег во Јужна Франција.
Елена, позната како некогашна водителка на емисијата „Живот со стил“, се омажи за својот избраник Бојан на 9 јули 2022 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, по речиси четиригодишна врска.

Сега, парот ја прослави третата годишнина од брак во луксузен хотел во Кан.
На вечера со вино и во романтична атмосфера, Елена ужива со партнерот, кој објави фотографија од неа и напиша дека таа му е вечниот придружник.

Елена по повод годишнината на Инстаграм Стори објави видео од повеќе нивни заеднички фотографии, направени во текот на годините.

Во описот напиша:
„Среќна годишнина, љубов моја!
Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пријател и најголемата сила.
Да ни се множат годините, спомените и љубовта.
Те сакам бескрајно!
Бојан Најдоски“




Прочитајте и Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“
С. С. | Црнобело
