Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“

„Во венчаницата се вљубив на прв поглед, ја купив од Солун, бидерамерот ми беше од моето омилено цвеќе бели рози, а го зедов презимето на љубовта на мојот живот и мислам дека одлично ми прилега - сега сум Елена Најдоски“, споделува Елена „Живот со стил“ за CRNOBELO.com за најубавиот ден во нејзиниот живот кога му кажа „да“ на својот сакан Бојан.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-01.jpg

Елена Стефановска по 3 години врска стапи во брак со својот избраник Бојан на бајковита свадбена церемонија на 9-ти јули во скопскиот хотел „DoubleTree by Hilton“.

Познатата водителка на емисијата „Живот со стил“ направи и токму таква – свадба со стил, иако на само неколку дена пред свадбата временската прогноза за свадбениот ден од 20% шанси за дожд се претворила во 80% и во сериозна закана за целата организација. 

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-06.jpeg

Сепак, Елена за CRNOBELO.com вели дека 48-те часа пред свадба ѝ биле најстресниот, но едновремено и најубавиот период затоа што одново морала комплетно да ја осмисли својата свадбена бајка.

Од замисленото ѕвездено небо на отворено во Камник и прв танц на светлина од свеќи, таа се префрлила на тема свадбени облачиња и прскалки во затворена просторија, но успеала да ја задржи посакуваната доза на романтика, па и многу повеќе од тоа.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-10.jpeg

Со нејзиниот сакан Бојан имале сон за свадба со италијански шмек, сакале да ја доловат магијата на Тоскана и пресреќни се што успеале во тоа.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-02.jpeg

На двајцата највпечатлив миг им било влегувањето во салата со овации и аплауз од најблиските, како и првиот танц кој го играле на нотите на „Love In Portofino“ на Андреа Бочели, која за нив ја отпеал нашиот уметник Павле Камилоски.

Елена вели дека воопшто не ни помислила да ја откаже свадбата затоа што не ѝ било воопшто важно каде ќе се одржи, туку ѝ било важно само да си вети љубов до крајот на животот со својот избраник.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-03.jpeg

Плус, целата организација со многу гости од странство, кои допатувале специјално за нивниот голем ден, како и 4-те типови на музика кои си ги посакувале и договориле за нивната свадба би било невозможно да ги усогласат за друг ден. Организацијата ја започнале од месец март, а на свадбата имале 190 гости.

„Времето ни ги помати сите планови и можеби тие два дена пред свадба кога одлучивме да ја префрлиме на затворено некако најмногу ме изморија, но дефинитивно вредеше и испадна и поубаво од што очекувавме“, вели Елена за CRNOBELO.com.

Меѓу музичарите на свадбата бил и познатиот српски пејач Никола Роквиќ, кој бил нивен заеднички избор.

Елена одлучи да го земе презимето на нејзиниот сопруг, па сега е Елена Најдоски. Вели дека со задоволство го сторила тоа, дека е пресреќна што го носи презимето на љубовта на нејзиниот живот и дека навистина ѝ се допаѓа како звучи.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-12.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бојан Чунде за хемофилијата: „Бавно ми прекинува крвавењето, како дете кога ќе паднев ме плашеше пан... „Хемофилијата ми е дијагностицирана како бебе на 2 месеци, после појавување на н...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Каде е и што прави денес Елвир Мекиќ, кој ги оптеа хитовите „Опасно“ и „Некаде после 2“? Во 2000-тите Елвир Мекиќ беше миленик на тинејџерките - денес е посветен татко и...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg