Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“

На прашањето дали нешто успеало да ѝ го расипе расположението на свадбениот ден, Елена вели:

„Воопшто. Најважно ми беше дека дента се мажам за човекот кој го сакам. Апсолутно ништо, па ниту еден дожд не можеше да ми го расипе расположението.

Атмосферата беше прекрасна од самиот старт. За време на приемот гостите беа пречекани од  женското гудачко трио „Trinity Strings“ или девојките на виолина Сандра, Ина и Марта, на првиот танц ни пееше Павле Камилоски, веднаш потоа продолжија момците од Арија Бенд, а на крај наш специјален гостин беше позната српска музичка ѕвезда Никола Роквиќ.

И искрено на мојот свадбен ден не би променила апсолутно ништо.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-02_1.jpeg

Најважен совет до сите невести е да бидете опуштени додека се подготвувате и дека токму непредвидените работи ќе ја направат вашата свадба најубава.

Сега, по целата организација, планирам да одморам и кон крајот на септември со мојот сопруг да отидеме на меден месец на некоја егзотична дестинација.

Моето запросување беше на Нова Година во Москва, па сега сакаме да креираме нови, прекрасни, заеднички спомени на некоја топла дестинација со бел песок и тиркизна вода.“

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-11.jpeg

Повеќе фотографиии од свадбата на Елена и Бојан:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бојан Чунде за хемофилијата: „Бавно ми прекинува крвавењето, како дете кога ќе паднев ме плашеше пан... „Хемофилијата ми е дијагностицирана како бебе на 2 месеци, после појавување на н...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Каде е и што прави денес Елвир Мекиќ, кој ги оптеа хитовите „Опасно“ и „Некаде после 2“? Во 2000-тите Елвир Мекиќ беше миленик на тинејџерките - денес е посветен татко и...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg