Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врата во Виена“

„Ја запознав на свадба кај мој близок пријател во Виена. Седевме на иста маса. Но, тогаш не започна нашата врска - во тоа време имавме и двајцата партнери, бевме зафатени. Вистинската комуникација почна за време на короната. Таа нè додаде мене и Мартин на Инстаграм и тогаш го прашав брат ми дали е таа девојката од свадбата“ - вели Стефан од „Некст тајм“ за љубовта со сопругата Тинеа.

ljubovnata-prikazna-na-stefan-filipovski-i-tinea-nenajaven-fativ-avion-i-dojdov-pred-nejzinata-vrata-vo-viena-01.jpg

Стефан Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ на 19 јули 2025 се ожени со својата сакана Тинеа.

Парот направи голема свадба во Скопје, со многу гости и одлична забава.

Иако за никого не беше изненадување што Стефан запеа на свадбата, почетокот на забавата изненади многумина - Тинеа испеа две песни со него и на тој начин ја „отворија“ веселбата.

За CRNOBELO.com, Стефан вели дека тоа му бил најемотивниот и најубав дел од свадбата.

522927232_18523804495000620_2715750770119034850_n.jpg

Пред да се венчаат, Тинеа и Стефан неколку години ја одржуваа врската на далечина - таа во Виена, тој во Скопје.

Иако беа оддалечени илјадници километри еден од друг, со многу љубов и посветеност, тие успеаја да надминат многу предизвици и да се најдат пред олтар.

За Тинеа, Стефан вели дека е „неговото изгреј и зајди“.

И иако не говори често за приватниот живот, Стефан сепак ни ја раскажа љубовната приказна со неговата сопруга.

289907426_5606701602676049_6329600431441568961_n.jpg

Прочитајте го интервјуто:

Кога и каде се запознавте со сопругата Тинеа? Раскажи ми за вашите почетоци...

Со Тинеа се запознавме на свадба и завршивме со свадба. Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена.

Седевме на иста маса. Но тогаш и таму не започна нашата врска. Во тоа време имавме и двајцата партнери, бевме зафатени.

Вистинската комуникација почна за време на короната.

Таа нè додаде мене и Мартин на Инстаграм и тогаш јас го прашав брат ми дали е таа девојката од свадбата.

И така го направи првиот чекор.

Потоа почнавме да пишуваме, но ништо официјално, затоа што во тоа време сè беше затворено, па и границите.

250284449_631524737853832_7752088622210122638_n.jpg

Со што те освои Тинеа?

Таа е амбициозна девојка со европски менталитет.

Културна, воспитана и лојална девојка. Тоа се работите се кои ме освои.

274906925_486086512921382_1007655464784256162_n.jpg

Дали ти ја освои лесно или ти требаше време?

Нормално дека ми требаше време да ја освојам.

Ниедна љубов не е стекната лесно, мора да се трудиш докажуваш и жртвуваш за да ја добиеш во целост.

352169008_1302284100720950_1454597538203544714_n.jpg

Вашата врска долго време беше на далечина... Кои беа најголемите предизвици со кои се соочувавте во тоа време? 

Уште е. Предизвикот е сè уште присутен.

Со оглед на тоа што јас сум успешен во својата работа, одам во Виена само за неа, не одам да работам таму или да барам подобра иднина.

Патувањата се доста напорни, иако се временски кратки со авион.

Раздвојувањето е исто така тешко - штотуку ќе се навикнеме еден на друг, мора еден од нас да оди или во Виена или за Скопје.

222416800_365368538308227_7971167791281091213_n.jpg

Како ја одржувавте врската на релација Скопје-Виена?

Со љубов, лојалност и доверба.

201351278_284642773442027_8239550889281421352_n.jpg

Како ја запроси? Ѝ подготви ли некакво изненадување?

Ја запросив во Бад Гастејн, место во Австрија што се наоѓа на Алпите.

Преубаво место за преубав момент.

445109894_956458679305881_3468138953974264727_n.jpg

Раскажи ми некој интересен момент од свадбата... 

Со Тинеа одлучивме првиот танц да биде наш дует на песните Vivo Per Lei од Андреа Бочели и Everything I Do, I Do It For You од Брајан Адамс.

Тинеа е многу музикална, но беше под голема трема, затоа што тоа беше многу битен и многу емотивен момент за нас.

Но, испеа преубаво.

BA1_3465.jpg

Кој е поромантичен - ти или таа? 

Мислам дела е таа.

346758097_598957712298257_2897746459182338069_n.jpg

Сепак, која е најуромантичната работа што ти си ја направил за неа?

Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врата во Виена.

300244547_179950794573977_4785748486100833793_n.jpg

Погледнете повеќе фотографии од Стефан и Тинеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg