Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото на баба ѝ Неда (81)
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, во нејзините зборови најдов мир, а во нејзината љубов научив што значи да сакаш без услов“, вели Наташа Јанкова (29) од Кавадарци, која живее во Скопје и работи како одделенски наставник, за баба ѝ Неда. Тие две се инспирација и љубов!

Наташа Јанкова (29) од Кавадарци, живее во Скопје, а по професија е одделенски наставник
Но, за себе вели дека пред сè е внука, односно таа животна улога ѝ е омилена затоа што е внука на една жена што за неа значи сè – нејзината баба Неда (81).

Баба Неда живее во Кавадарци и неодамна го прослави својот 81-ви роденден.

Наташа за односот со нејзината баба за CRNOBELO.com вели:
„Мојата најголема желба е да ја имам уште долго покрај мене - жива, здрава и секој ден насмеана.

Јас, како внука… не ја сакам баба ми „малку повеќе“. Јас ја сакам најмногу на целиот свет.

Не ја гледам само како мајка на мојот татко, јас во неа гледам мој почеток, моја сигурност и мој дом.

Во нејзината прегратка пораснав, во нејзините зборови најдов мир, а во нејзината љубов научив што значи да сакаш без услов.

Имам две тетоважи посветени на неа… Но, тие не се само мастило - тие се дел од мојата душа.
