Боди со отсечоци, провидни маици: Како се дотераа гостите за настапот на Black Coffee во Скопје?
Oд Октај до Наташа Фигурела, што облекоа Македонците за настапот на Black Coffee во Скопје? Уникатни чевли, тексас шорцеви, модели со специфични отсечоци... Во публиката беше и Наташа Беквалац, која неодамна имаше настап во скопски локал. Модата на дел од публиката на журката која се чекаше со месеци...

Скопје викендов пулсираше во урбан дух и се случи забава која многумина ја очекуваа со месеци.
Нкосинати Иносент Мафумуло, попознат како Black Coffee, еден од најпопуларните африкански диџеи, имаше спектакуларен настап. Пушташе музика околу 3 часа, а дел од луѓето во публика, а особено во бекстејџот, се појавија во впечатливи аутфити.
Од боди со отсечоци до провидни маички, погледнете какви аутифити избраа тие...
Инаку, Black Coffee кариерата ја почнал во 1990-тите, а за неговиот успех зборуваат бројните награди, вклучувајќи и Греми статуетка за најдобар денс/електронски албум. 50-годишниот диџеј има издадено девет студиски албуми, а пред една деценија одржа сет кој траеше дури 60 часа.
Наташа Фигурела

Mарија Најдоска


И Наташа Беквалац меѓу присутните ...

