Одржа сет од 60 часа, левата рака му е парализирана - Факти за Black Coffee, познатиот диџеј кој доаѓа во Скопје

Првиот албум го снимил на евтин музички софтвер, без практично никаква опрема, левата рака му е парализирана од удар од автомобил - сепак денес важи за еден од најпознатите диџеи во светот кој може да се пофали и со Греми награда. Кој е Black Coffee, јужноафриканскиот диџеј кој на 19-ти јуни настапува во Скопје?

drzheshe-rekord-za-najdolg-set-od-60-chasa-i-ushte-pet-fakti-za-black-coffee-poznatiot-didzhej-koj-doagja-vo-skopje-01.jpg

Нкосинати Иносент Мафумуло, попознат како Black Coffee е еден од најпопуларните африкански диџеи.

Потекнува од Јужноафриканска Република, а потполно сам успеал да се избори за успехот и славата што ги ужива денес.

Кариерата ја почнал во 1990-тите, а за неговиот успех зборуваат бројните награди, вклучувајќи и Греми статуетка за најдобар денс/електронски албум.

50-годишниот диџеј има издадено девет студиски албуми, а пред една деценија одржа сет кој траеше дури 60 часа.

drzheshe-rekord-za-najdolg-set-od-60-chasa-i-ushte-pet-fakti-za-black-coffee-poznatiot-didzhej-koj-doagja-vo-skopje-06.JPG

Детали (и забавни факти) за животот на Black Coffee:

Првиот албум го снимил во неговата спална соба

Black Coffee пораснал опкружен со музика, а студирал и музичка теорија во родната земја.

Првиот албум успеал да го издаде во 2005 година, а го снимил во неговата спална соба, користејќи евтин музички софтвер.

Иако можеби немал предност како бројни славни музичари, деби албумот, насловен Black Coffee, му помогнал да се прослави во родната земја и да стане познат како „ѕвезда во подем“.

За снимањето на својот албум, диџејот има изјавено:

„Не знам како да ги објаснам продукциските фази на мојот албум… Не користев MIDI контролори, сè беше отсвирено со компјутерски глушец“.

drzheshe-rekord-za-najdolg-set-od-60-chasa-i-ushte-pet-fakti-za-black-coffee-poznatiot-didzhej-koj-doagja-vo-skopje-08.JPG

Левата рака му е парализирана

По разводот на неговите родители, почнал да живее со мајка му, во близина на родното село на Нелсон Мандела.

На денот на ослободувањето на Нелсон Мандела од затвор, кога диџејот имал околу 14 години, во градот имало прослава.

Но, во толпата луѓе во која се наоѓал и тој, удрил автомобил. Според некои извори, несреќата била предизвикана намерно и биле повредени 12-тина луѓе.

Еден од нив бил и Black Coffee кој се здобил со повреда на брахијалниот плексус, односно имал оштетување на нервите што ги контролираат рамото и раката.

Поради ова, движењето на левата рака му е значително отежнато и ограничено.

Сепак, диџејот не дозволил оваа повреда да му го диктира животот.

drzheshe-rekord-za-najdolg-set-od-60-chasa-i-ushte-pet-fakti-za-black-coffee-poznatiot-didzhej-koj-doagja-vo-skopje-05.JPG

Одржа сет од 60 часа

Во 2010 година, Black Coffee одржа сет кој траеше дури 60 часа, а со тоа тој го обележа лансирањето на неговата фондација - Black Coffee.

Диџејот настапуваше во трговски центар во област во Јоханесбург.

На десетата годишнина од сетот, тој се присети на настанот со објава на Инстаграм:

„Денес, пред 10 години, одржав сет од 60 часа кој почна на полноќ, а заврши во недела попладне.

Ова беше за лансирањето на Фондацијата Black Coffee. Благодарен сум за патувањето“, стои во описот.

Иако не беше официјално потврдено, тој период се верува дека ова бил најдолгиот диџеј сет што бил одржан. Оттогаш овој рекорд е срушен, но сетот е значаен момент од неговата кариера.

Стои зад многу хуманитарни проекти со неговата фондација

Како што пишува на веб-сајтот на фондацијата на диџејот, главната цел на оваа организација е да им се помогне на луѓето во Јужноафриканска Република.

Во 2025 година, преку фондација, диџејот понуди финансиска помош откако град во неговата родна земја се соочи со страшни поплави. Тогаш и самиот донира околу 5.000 евра.

Тој има донирано и во неговото старо училиште во Јужна Африка.

Генерално, фондацијата се фокусира на подобрување на образовниот систем во Јужна Африка, им помага на лица со попреченост и им нуди помош на загрозени заедници.

drzheshe-rekord-za-najdolg-set-od-60-chasa-i-ushte-pet-fakti-za-black-coffee-poznatiot-didzhej-koj-doagja-vo-skopje-4.JPG

Има освоено Греми награда

Black Coffee може да се пофали со низа музички награди, вклучувајќи ја и најпрестижната статуетка од светот на музиката – Греми.

Тој ја освои наградата во 2022 година, во категоријата најдобар денс/електронски албум.

Тогаш за BBC изјави дека чувството му било нереално:

„Телефонот ми ѕвонеше како луд во мигот кога беше најавена наградата. Кога слушнав дека победив, а потоа и се качив да ја прифатам наградата, уште ми се чини нереално и веројатно ќе се чувствувам така уште некој период“.

drzheshe-rekord-za-najdolg-set-od-60-chasa-i-ushte-pet-fakti-za-black-coffee-poznatiot-didzhej-koj-doagja-vo-skopje-02.JPG

Има настапувано на врвни фестивали, а наскоро доаѓа и во Скопје

Познатиот диџеј има настапувано на некои од најпознатите музички фестивали во светот, вклучувајќи ги Tomorrowland, Coachella и Burning Man.

Ги има забавувано гостите во врвни ноќни клубови на Ибица, неодамна настапуваше во популарната О2 Арена во Лондон, и тоа со оркестар, а на 19 јуни ќе има настап и во Скопје, на Стадион АРМ.

Картите за настанот се достапни ТУКА.

фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...

Најчитани неделава