По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два албума на винил и две стихозбирки
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“, или кутија која содржи два албуми на винил и две стихозбирки.

Едниот албум, насловен „Од изворот на изборот“, е веќе издаден во 2019 година на ЦД, но овој пат на винил, додека, новиот албум, седми по ред, ќе биде единствено на винил, насловен е 21/7-„Другата страна на изборот“.

И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите.

Во албумот „Од изворот на изборот“ текстовите се преведини и на англиски јазик исто така, а во стихозбирките, освен текстови, има и фотографии и јапонска калиграфија направена од Тони Зен.

Фотографиите се аналогни, со цел да се задржи автентичноста на ова издание или концепт, насловен „ИЗБОРОТ/ИЗВОРОТ“.

Тони лично смета дека ова издание е неговото животно дело, истото го опишува неговиот духовен пат и развивање низ полето на музиката, културата, уметноста, животот воопшто.
Повеќе фотографии:











