Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“

По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно напладне ја објави својата нова песна и видео!

duper-ne-zapiraat-nova-pesna-na-pola-pat-01.jpg

По период во кој сè почесто се наметнуваат како едно од најактуелните имиња на домашната сцена, ДУПЕР точно во 12:00 часот ја објавија својата нова песна „На пола пат“, проследена со видео кое има филмски пристап.

Новото издание доаѓа во момент кога нивниот претходен хит „Може може може“ сè уште активно се слуша и ротира, додека бендот континуирано најавува настапи и го гради својот концертен календар низ Македонија.

„На пола пат“ носи препознатлив звук на ДУПЕР, со емотивен рефрен кој брзо останува во глава:

„Ајде признај

криеш предолго

кого мислиш ти

дур си до него“

Автори на музиката и текстот се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, додека аранжманот го потпишува Какуринов. За микс и мастерингот се погрижија Андреј Николов и Димитар Николов.

Од бендот велат дека песната произлегува од лично искуство:

„Оваа песна е лична приказна што ја доживеавме и двајцата. Од една страна се надеваме дека луѓето ќе се препознаат во неа, но и дека секој ќе го најде вистинскиот човек покрај себе.“

Видеото за „На пола пат“ е во режија на Трифун Ситниковски, со кого ДУПЕР веќе имаат успешна соработка зад себе, вклучително и на забележаниот проект „Некажано“. Овојпат, приказната е поставена како визуелен „филм“ кој ја следи емоцијата на песната и ја надополнува нејзината порака.

Покрај новото издание, бендот за летово веќе најави голем, самостоен концерт во Античкиот театар во Охрид на 5 август.

Песната „На пола пат“ е достапна на YouTube:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава