Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео)

Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќе по првото слушање ја открива нејзината нова, одлучна и урбана музичка приказна.

tiana-dimova-so-nova-pesna-i-prv-spot-slushnete-ja-manijak-video-01.jpg

Песната ја потпишува врвниот автор Јован Јованов, човек кој стои зад голем број домашни хитови и чиј професионален потпис секогаш носи квалитет. За микс и мастеринг се погрижија Јован и Иван Јованов Iwayo. 

Видеото, е поддржано и објавено од познатата македонска продуцентска куќа Urban Records. Има силна визуелна естетика, чист урбан минимализам и современ vibe што совршено ја потенцира енергијата на „Манијак“. Под режија на Гордан Божиновски, мојата идеја доби форма која изгледа и звучно и визуелно – големо.

„Песната „Манијак“ беше готова одамна, но јас не сакав да ја пуштам додека не ја почувствувам вистинската енергија. Сакав да има момент, да има тежина, да има визуелна приказна што ќе ја истакне. И ја дочекав.

Јас одам по едно правило: музиката добива живот дури кога ќе стигне до публиката. А јас живеам за таа размена на енергија — за аплаузот, вибрацијата, моментот кога гледам дека публиката чувствува исто што чувствувам и јас.

Спотот го снимивме за само пет часа, но изгледа како проект работен со денови. Имав кристално јасна визија, знаев точно што сакам. Кога артистот знае, целиот тим знае. Сакав конкретна естетика – и го добив тоа.

Немав стилист — но ја имав мојата пријателка Марија, која буквално ми беше десна рака и ме спаси во секоја секунда.

Искрено не очекував дека снимањето спот ќе ми стане толку голем момент. Најзаслужен за финалниот изглед е Гордан Божиновски. Тој ја претвори мојата желба во нешто што изгледа како мини-филм со јасен став и визуелен печат.

Околу себе имам луѓе што знаат да препознаат талент и да го поддржат - тоа е мојот тим. Тоа е мојата сила. Тоа е мојата благодарност“, вели Тиана.

Тиана додава и дека била многу возбудена додека работела на песната и спотот:

„Иако одамна сум на сцена, ова е првпат да почувствувам ваква возбуда. Да се видам на екран, да оставам визуелен печат, да создадам нешто што останува — тоа е момент што ќе го паметам.

Настапите се магични бидејќи се случуваат во моментот, но песната со спот… може да се пушта безброј пати. Да буди конкретни чувства. Да остане.

Ова е само почеток. Ова е само најава за сè што следува.

Имам уште многу за покажување. И допрва ќе растеме — заедно“.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...

Најчитани неделава