Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут

Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и публика што заедно со неа ги пее најголемите хитови, Бојана Скендеровски не запира. По концертите во повеќе градови низ земјата, а непосредно по емотивната вечер во Тетово, Бојана носи нова музичка приказна, песната со наслов „Оди си“.

bojana-skenderovski-so-pesna-shto-kje-se-pee-glasno-odi-si-e-noviot-muzichki-adut-01.jpg

Станува збор за композиција што уште на прво слушање носи ритам, став и енергија, но и препознатливата емоција што Бојана ја носи со себе на сцената. Автори на песната се Александар Тарабунов, кој ги потпишува музиката и текстот, и Димитар Андоновски како автор на аранжманот – тандем кој веќе важи за сигурен рецепт за современ домашен хит.

Можеби низ годините публиката ме препознаваше повеќе преку баладите, но „Оди си“ е песна што навистина многу личи на мене. Има темперамент, има движење, има енергија. Тара и Диме ме познаваат доволно добро за да знаат што чувствувам и што сакам да пренесам преку музика и токму затоа оваа песна ми е толку блиска“, вели Бојана.

bojana-skenderovski-so-pesna-shto-kje-se-pee-glasno-odi-si-e-noviot-muzichki-adut-02.jpg

Видеоспотот е снимен во Тирана, под капата на „Скендеровски продукција“, а целата приказна носи модерен звук со автентичен балкански сензибилитет, комбинација што лесно влегува под кожа.

Ова е женска песна. Не во смисла на инает, туку во смисла на сила, став и емоција. Песна што ќе те натера и да запееш, и да заиграш, ама можеби и да се пронајдеш во неа. Верувам дека токму затоа ќе ѝ се допадне на публиката“, искрено додава Бојана.

bojana-skenderovski-so-pesna-shto-kje-se-pee-glasno-odi-si-e-noviot-muzichki-adut-03.jpg

Во време кога нејзината концертна турнеја носи сè повеќе публика и силни реакции, „Оди си“ доаѓа како природно продолжение на енергијата што Бојана ја живее на сцената – песна создадена да се почувствува, да се пее гласно и да стане дел од концертната магија што ја носи со себе.

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg