„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска за баладата „Заборави“

Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љубиш д не се поправиш.  Ти не си за мене потрошено време, барем се освестив. Крив си за се, дај остави ме, без лажно каење...

poradi-nesrekjata-vo-kochani-i-vo-chest-na-sara-projkovska-ne-sakav-da-ja-objavam-mimi-jovanovska-za-baladata-zaboravi-01.jpg

Ова се дел од стиховите на новата песна на Мими Јовановска, „Заборави“, која неодамна беше промовирана.

„Заборави“ е љубовна балада која носи така за несреќна љубов и скршени срца. Но, додека се снимаше никој не ни помислуваше дека оваа песна ќе носи уште една тага, а тоа е згаснатиот живот на Сара Пројковска, која ги пее придружните вокали.

- Песната е готова уште минатата година, јас тогаш најавив две. Но,се случи несреќата во Кочани, па  ги повлеков и двете. На двете песни придружен вокал е Сара Пројковска, која за жал го загуби животот во пожарот. Додека ја снимавме песната не ни помислував дека ќе носи толку тага. Затоа песната остана да стои, јас тогаш немав ни желба да ја објавам. Еве по една година ја промовирав и драго ми е што на неа е гласот на Сара.  Песната е тажна љубовна балада, па и покрај тоа што носи толку тага во неа наиде на голем одзив кај публиката, вели Мими.

Мими за песните секогаш соработува со врвни авторски имиња, па така е и сега. Музиката е на Филип Нуне, аранжманот на  Дамир Имери, додека текстот на Огнен Неделковски. Продуцнт е Мите Димовски и во неговото стоудио „Тралала“ е снимена.

Задолжен за спотот е Даниел Јовески и неговата „Sustain Production“. Придружните вокали се на Сара Пројковска, Ана Костова и Драги Лазев. Гитарата е на Гуру Харе, Горан Гешовски на бас гитара и Дамир Имери на пиано.

Мими пред крајот на минатата година ја објави и љубовната балада „Те сакам“,  веќе се во подготовка уште нови песни. Таа е и дел од „Бендот на браќата Нуне“, кои наскоро ќе промовираат многу новини од нивната музичка кујна. Парлелно со новите песни ги чека и летната сезона на настапи низ државата, но и надвор од неа. За наесен веќе ги пакуваат куферите за преку барата.

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Колку љубов заслужува љубовта? Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео за... Доколку сте мислеле дека не постои, Сара Мејс храбро го претставува најновиот ду...

Најчитани неделава