„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео)

Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  Марија Спасовска го промовираше својот деби албум „Седатив“ на настан што се одржа во Трибека во Скопје.

sedativ-nosi-nova-energija-marija-spasovska-so-debi-album-i-silna-muzichka-poraka-video-01.jpg

Во рамки на промоцијата, пред присутните беа претставени четири песни од албумот, при што носечката нумера „Седатив“ беше промовирана со официјален видеоспот.

Останатите три песни беа презентирани аудио, една по една, при што новинарите и присутните имаа ексклузивна можност премиерно да ги слушнат, но и да дадат свое мислење, осврт и критика за новиот музички материјал.

sedativ-nosi-nova-energija-marija-spasovska-so-debi-album-i-silna-muzichka-poraka-video-04.jpeg

Овие три композиции дополнително ќе добијат и свои видеоспотови, кои ќе бидат објавени во наредниот период.

Интересно е што една од песните кои публиката ги слушна за првпат е дуетска со Давид Темелков, што претставуваше дополнително изненадување во рамки на новиот албум.

sedativ-nosi-nova-energija-marija-spasovska-so-debi-album-i-silna-muzichka-poraka-video-03.jpeg

Марија Спасовска се потпишува како автор на музиката и текстовите на албумот, додека аранжманот на целиот проект е дело на Николче Мицевски и Иван Јованов, познат како Ивајо.

„Седатив е албум што го создавав подолг временски период и во кој вложив многу лична емоција, искуства и размислувања. Секоја песна има своја приказна и носи дел од мене, дел од моето растење и созревање како уметник, но и како човек. Сакав да направам албум кој нема да биде само музика за слушање, туку музика што се чувствува и која остава трага. Верувам дека публиката ќе се пронајде во овие песни, ќе ги доживее на свој начин и ќе им даде свое значење. Ова е мојот најискрен проект досега и навистина сум среќна што конечно го споделувам со јавноста“, изјави Спасовска на денешната пресконференција.

sedativ-nosi-nova-energija-marija-spasovska-so-debi-album-i-silna-muzichka-poraka-video-05.jpeg

Со „Седатив“, Марија Спасовска најави нова фаза во својата кариера, носејќи поинаков звук, искрени емоции и современ музички израз.

Погледнете го спотот за носечката песна „Седатив“:

Би можело да ве интересира:

„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg