Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје

„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.

jovan-jovanov-so-prva-solo-pesna-po-17-godini-ne-ti-stoi-kako-najava-za-golemiot-koncert-vo-skopje-01.jpg

Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.

„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован - тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.

„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време.

И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.

jovan-jovanov-so-prva-solo-pesna-po-17-godini-ne-ti-stoi-kako-najava-za-golemiot-koncert-vo-skopje-02.jpg

Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

Билетите за концертот на Јован и Елвир се веќе во продажба, а може да се купат преку онјалн на MKTickets, на следниот ЛИНК.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава