Конечно се отвори Pepco во Скопје - продавниците се преполни со купувачи кои едвај го чекаа отворањето
Денес, во 10 часот наутро, во исто време се отвори на две локации Pepco во Скопје - продавниците во Capitol Mall и Ramstore Mall беа преполни со купувачи кои чекаа ред за отворањето, каде уживаат во ниски цени, но и во супер атмосфера.

Месеци наназад многумина едвај чекаа да се случи отворањето на Pepco во Македонија, брендот во кој може да се најдат женска, машка и детска облека, додатоци за домот, како и играчки, по многу поволни цени.
Денес конечно се случи отворањето, на две локации истовремено - во Capitol и во Ramstore mall, а двете локации уште во 10 часот беа преполни со купувачи кои едвај чекаа да ја посетат новата омилена продавница.


Се сечеше торта, а посетителите ќе уживаат и во музичка програма, забавни активности и шопинг по мерак.


Погледнете фотки од отворањето:




