Позитива на денот: Госпоѓа Љубица вежба пилатес на прагот од 80-тата година (фото)

Фотката која беше објавена на профил на клуб за пилатес во Скопје е вистинска инспирација - госпоѓа Љубица, која е на прагот на 80-тите години, е доказ дека секој може да се сака и грижи за своето тело и дух, независно од годините. 

pozitiva-na-denot-gospogja-ljubica-vezhba-pilates-na-pragot-od-80-ta-godina-foto-01.jpg

На Инстаграм профил на клуб за пилатес и ритмичка гимнастика во Скопје беше објавена фотка која е вистинска инспирација и позитива.

На фотографијата може да се забележи повозрасна госпоѓа, која вежба пилатес и изгледа прилично витално и флексибилно.

Во описот појаснуваат дека станува збор за госпоѓа Љубица, која е на прагот на 80-тите години и знае дека никогаш не е доцна да почнеш да се грижиш за себе.

„Продолжи. За себе. За здравје. За мир.

Пилатесот е пат што вреди да се чекори, без разлика на годините — пат по кој душата се смирува, а телото повторно се буди.

И на тој пат чекори и нашата госпоѓа Љубица.

Наскоро ќе го прослави својот 80-ти роденден.

Нејзиниот пример не потсетува дека никогаш не е доцна да си подадеш рака самиот на себе.

Никогаш не е доцна да избереш здравје, спокој, живот.

Кети Фит “ – стои во описот на објавата.

Секоја чест на госпоѓа Љубица и се надеваме дека ќе инспирира многу повеќе луѓе да почнат да се грижат за своето тело и ум, независно од годините.

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава