Д-р Ѓорѓи Паскалов, педијатар: „Ако дете има висока температура, не треба и сируп и туширање наеднаш - нагло спуштање не е препорачливо“
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
„По мое искуство, советот што би им го дал на родителите е да се одбегнува хиперстимулација - во смисла не треба да се форсираат работите. Не секој седнува, лази и проодува во исто време, плус треба да му оставиме на детето време дома само да си игра и да истражува, нема потреба секоја секунда да го анимираме“, вели д-р Ѓорѓи Паскалов, а зборува и за алергиите, крвните анализи и што мора да имате во домашната аптека.

Д-р Ѓорѓи Паскалов е еден од нашите најпознати и најценети педијатри и човек што ја работи својата работа со страст и љубов.
Тој веќе 12 години поседува своја ординација, а за децата вели дека се најискрените пациенти кои го ценат вниманието и љубовта кои им ја давате.
Кај редовните пациенти, по години искуство вели дека веќе воопшто не му се потребни крвни анализи и веднаш знае за што станува збор.
Д-р Ѓорѓи Паскалов споделува детали од својата професија за CRNOBELO.com:
Зошто децата се најдобри, но и најтешки пациенти? Што сте научиле од нив?
Најтешки не се, најискрени сигурно. Најголемата лекција што ја научив дека вниманието и љубовта дадени се најискрено вреднувани.

Најстресна ситуација што сте ја имале со детенце досега (и зошто)...
Случајно откривање на тешко заболување на рутински анализи, најстресна веројатно зошто е неочекувано, заедно со информирањето на родителите.
Се сеќавам дека ми беше првпат откако имав своја ординација, за среќа, сè се заврши добро.
Кој случај ви оставил најголем впечаток? Kaде имало најголем напредок?
Кај едно од најпредвреме родените бебиња откако јас работам педијатрија. Беше многу мало, но во секој смисол борец.
Денес е здраво дете, а со родителите станавме како први братучеди.
фото: depositphotos.com
Дали секогаш препорачувате крвна слика или по симптомите одредувате терапија?
Не, скоро никогаш. Анализите се почести додека добиеме доверба во родителите, потоа сè оди лесно.
Секогаш го гледаме детето, а не анализата, зошто секој организам е различен - некој побурно реагира, а во суштина не е толку алармантно.
Има ли деца кои никогаш не пиеле антибиотици до школска возраст? Колку пристапот кон антибиотиците кај нас е поинаков од оној во западноевропските земји?
Има, ама се ретки. Е поинаков, но ме радува што работите одат во позитивен тек.
Како минува времето и самите родители се сè повеќе против антибиотик, доколку апсолутно не мора.

Дали е во ред или е погрешно да се даваат сирупи и капки превентивно на децата за алергии?
Ако е превентивно без поставена дијагноза - погрешно е.
За среќа, имаме добри пулмолози педијатри кои можат прецизно да одредат, но мислам дека тој дел од педијатрита е доста развиен во смисла на водење и конекција со пациентите.
Што значи хемоглобин кај дете малку под долната граница? Дали може да станува збор за генетска состојба и дали треба да се преземе нешто во насока давање на препарати?
Може да станува збор за генетска состојба секако, како и намален внес преку храна, предвремено раѓање и други состојби.
Секогаш стартот е ист, даваме железо препарат и следиме, доколку нема подобрување - правиме дополнителни анализи.
фото: depositphotos.com