Д-р Ѓорѓи Паскалов, педијатар: „Ако дете има висока температура, не треба и сируп и туширање наеднаш - нагло спуштање не е препорачливо“
Кои се најважните работи што родителите треба да ги следат во раниот развој? Кои симптоми кај децата никогаш не треба да се игнорираат?
Има одредена возраст со одредено развојно достигнување, но тоа се одредува на месечните прегледи кај педијатар.
По мое искуство советот што би го дал е да се одбегнува хиперстимулација - во смисла не треба да се форсираат работите.
Не секој седнува, лази и проодува во исто време и кога повеќе време е за некој потребно - не треба да се форсира да ги стигне децата во околината.
Педијатарот ќе препознае доколку има проблем, но најчесто нема и се работи само за време.

Како да се препознае дали детето има емоционален или развоен проблем? Колку е штетно времето поминато пред екрани? Колку природата е лек?
Природата и одржување на една наједноставна нормална атмосфера дома е најголемата превенција.
Треба да му оставиме на детето време дома само да си игра и да истражува, нема потреба од секоја секунда да го анимираме.
Во врска со екраните, генерално треба да се избегнува што повеќе, ама ако најнормална атмосфера е оброци секој ден на маса, одење во природа, редење коцки и оставање на детето време за себе, реално малку ќе остане време за екраните.
Обично препознаваме проблем ако постои намалување на фокусот или хиперактивно однесување.
фото: depositphotos.com
Што секој родител треба да има во домашната „аптека“ за дете?
Сируп за алергија и покачена темература.
Тие се двете состојби во кои е оправдано да интервенирате додека да стигнете до педијатар.
фото: depositphotos.com
Како да се реагира при висока температура кај дете?
Ако температурата е над 38.5 Ц се дава сируп антипиретик. Дозата се повторува на 6 часа исклучиво по потреба.
Ако е под, а се одржува, може да се примени само туширање и ладење. Тука би напоменал дека треба да се даде време терапијата да проделува, ако е висока температурата не треба во ист момент и сируп и туширање и ладење, зошто и нагло спуштање на температурата не е препорачливо.
фото: depositphotos.com
Кој совет би му го дале на секој нов родител?
Родителскиот сонор и интуиција за своето дете е поголем од која било интернет платформа.
Сè што треба да знаете е кога овие две ќе проработат - посетете педијатар.
Останатото време искористете го да уживате во моментите со своето дете, затоа што брзо растат.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело