Ненадејно почина турската актерка што ја глумеше Ишил во „Шербет од брусница“ – еден ден откако наполни 35 години
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
Убавата актерка која се прослави со улога во серијата „Шербет од брусница“, ненадејно починала на 35 години, во својот дом додека била со мајка ѝ, само еден ден по нејзиниот роденден – се претпоставува дека причината е срцев удар.

Еџе Иртем, актерката која ја играше улогата на Ишил во неколку епизоди од серијата „Шербет од брусница“, почина на 35-годишна возраст.

Нејзината смрт била ненадејна, само еден ден по нејзиниот роденден, а во моментот била во својот дом со нејзината мајка, која го пронашла безживотното тело.
Во соопштението на нејзиниот адвокат, кој вчера ја објави веста, стои:
„Мојата клиентка Еџе Иртем, почина денес околу 12 часот напладне. Инцидентот се случи во нејзиниот дом додека беше со мајка ѝ.
Иницијалните проценки укажуваат дека починала од срцев удар, но истрагата е во тек. Финалните резултати ќе се објават во извештајот од аутопсијата.
Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и сите што ја сакаа.
Адвокат Угур Ѓоккојун“.

Според пишувањата во турските медиуми, погребот ќе биде на 17 јуни.
Инаку, Еџе е родена на 14 јуни 1991, била дипломиран оперски пејач, телевизиската кариера ја започнала во 2014-та година, а се има појавено во повеќе турски филмови и серии, како и во трилерот на Нетфликс, „10 Days of a Curious Man“.
М. М. | Црнобело