По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав среќа да остане покрај мене“

„Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан што се вистинските вредности во животот“ – напиша Ана за смирувањето откако двапати се разведоа, а сега прославија 18 години брак, па Пеѓа сподели: „Велат дека од грешките се учи. Јас ја имав таа среќа една жена да остане покрај мене“.

po-dva-razvoda-pegja-jovanovikj-se-smiri-so-sakanata-i-javno-i-prizna-na-greshkite-se-uchi-imav-srekja-da-ostanesh-pokraj-mene-01.jpg

Во 2024-та српскиот пејач Пеѓа Јовановиќ откри дека конечно се разведува од својата сопруга Ана, по 16 години брак и три деца.

Тие и претходно имаа неколку разделби и смирувања, но со разводот рече дека одлуката е конечна затоа што веќе не им одело, а причината за кризата била неговата зависност со алкохолот и порочниот животен стил.

Прочитајте и „Потфрлив во бракот“ - Српскиот пејач искрено за разводот со инфлуенсерката Ана Јовановиќ

Сепак, тој одлучил пред неколку години да се откаже од алкохолот, а изгледа изминатиов период го искористил за размислување и од неодамна, повторно си дадоа шанса.

Сега тие слават 18 години љубов и брак, иако со неколку прекини и два развода како што пишуваат српските медиуми, а пејачот ја искористи приликата јавно да ѝ искаже емоции на саканата.

po-dva-razvoda-pegja-jovanovikj-se-smiri-so-sakanata-i-javno-i-prizna-na-greshkite-se-uchi-imav-srekja-da-ostanesh-pokraj-mene-03.jpg

Парот моментално е на романтично патување на Малдиви по повод годишнината и роденденот, а во Инстаграм објава тој напиша:

„Велат дека од грешките се учи. Ние мажите често мислиме дека сме јаки и дека сè знаеме, a всушност... не сме ни свесни каде сè протекуваме... 

И тогаш грешиме баш таму каде што најмногу боли. Ги запоставуваме оние кои најмногу нè сакаат, даваме приоритет на некакви глупости.

И дури подоцна, а често и предоцна, сфаќаме што сме изгубиле. Јас ја имав таа среќа една жена да остане покрај мене.

Денес е нејзин ден и сакам да ѝ кажам фала. За секое молчење кога бев тежок, за секоја насмевка кога ми требаше светло, за сите години трпение, сила и љубов.

Среќен роденден моја дамо!

Твојот мир е мое засолниште, а твојата среќа моја цел!“

Неодамна двајцата јавно проговореа за смирувањето, Ана искрено одговори на прашање од следбениците на Инстаграм и откри: 

„Ние никогаш не сме биле скарани, но немавме исти приоритети. И мораше да дојде до разделба.

Не е поентата да се зачува семејството и да се биде несреќен.

Претпоставувам дека имаше доволно време да размисли така сам во својот стан што се вистинските вредности во животот, што е најголемото богатство и за што вреди да се менува и бори.

За себе, но и за семејството.

Не би продолжила со детали, но кога луѓето сакаат да работат на себе, тврдам дека се можни чуда“.

po-dva-razvoda-pegja-jovanovikj-se-smiri-so-sakanata-i-javno-i-prizna-na-greshkite-se-uchi-imav-srekja-da-ostanesh-pokraj-mene-02.jpg

Пеѓа пак, за медиумите искрено кажа:

„Никој друг не може да ја донесе таа одлука. Мене долго време ми зборуваа, од семејството, брат ми, тој многу беше загрижен за мене.

Ми ѕвони во 7 наутро, иако свирката завршила во 4, ми вели да си одам дома. И сам сфатив.

Не вредеше никој да ми зборува, мислев дека сум во право и дека уживам во животот, но тоа беше погрешно.

Кога го сфатив тоа, тоа беше првиот чекор кон отрезнување.

Фала Богу што ја донесов таа одлука да престанам да пијам пред три години“.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
„Натерав оженет маж да се разведе за мене, а потоа го оставив“: Скандалозниот љубовен живот на Сузан... Првиот маж ја омаловажувал, велејќи ѝ дека не е ни млада ни убава, па за да го з...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg