„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачевиќ за приватниот живот
- Детали
- петок, 12 декември 2025
„Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што влегувам во брачните води. Сакам да постои тоа парче хартија поради нејзината сигурност, како материјална, така и сигурност во секој друг вид. Не дај Боже да ми се случи нешто на мене, Зорана и Искра се моето семејство, и сакам таа да го носи моето презиме и да е безбедна“, вели Саша.

Приватниот живот на Саша Ковачевиќ отсекогаш привлекувал внимание, особено меѓу понежниот пол. Многу жени пробале да го освојат неговото срце, но тоа ѝ успеа на Зорана Тасовац, која наскоро ќе се мажи со него.
Пејачот ја запроси Зорана летово по 8 години врска и парот веќе ја подготвува свадбата, за која Саша вели дека ќе биде мала и дека тој не би сакал да имаат повеќе од 20-30 гости.

Саша откри уште неколку детали за приватниот живот, љубовта со Зорана, но и односот со малата Искра, со која е многу близок, во видео интервјуто на „Скандал“.
„Не постои конкетна причина зошто ја запросив Зорана. Јас бев искрен со неа од почетокот на нашата врска и таа ги знае моите ставови за венчавката, како што ги знам јас нејзините.
Јас апсолутно немам потреба да ја докажувам некому мојата љубов преку хартија, не мислам на Зорана, туку на медиумите, на роднините, пријателите.
Ние функционираме како да сме во брак од првиот момент, живееме заедно од третиот месец а нашата врска.

Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што влегувам во брачните води.
Единствената причина поради која сакам да постои тоа парче хартија е поради нејзината сигурност, како материјална, така и сигурност во секој друг вид.
Не дај Боже да ми се случи нешто на мене, Зорана и Искра се моето семејство, па сакам таа да го носи моето презиме и да е безбедна“, вели Саша.

Тој демантираше дека неговата свршеница е бремена, а кажа и дека не сака нејзината ќерка Искра да го вика „тато“, иако ја обожава.
„Не ме вика тато и искрено не би сакал да ме вика така, зашто не сум ѝ татко.
Мислам дека така би се пореметиле некои семејни кодекси.
Јас би сакал најмногу на свет таа да е мое биолошко дете, но таа си има татко и си имаат посебна поврзаност, љубов и енергија и јас не би сакал да го нарушам тоа“, вели музичарот.

Прочитајте и Саша Ковачевиќ за CRNOBELO: „Никој не ми е поблизок од брат ми, за него би го дал и животот“
Погледнете го целото интервју:
-А. Ј. | Црнобело
