Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука Дончиќ
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за нивна наводна врска, Бресквица стапи во врска со друго момче, по разделбата со полицаецот Немања. Новиот дечко е на возраст од триесетина години, живее во луксузна населба на Нов Белград, а заедно се повеќе од еден месец.

Пејачката Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, ја раскина врската со партнерот Немања по пет години љубов.
Иако, една од најголемите ѕвезди на НБА во моментов, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, па имаше дури и гласини за нивна љубовна афера, сепак Бресквица има друга нова љубов.
Таа неодамна започнала романса со ново момче, а српските медуми сега дојдоа до фотографија на која се гледа како изгледа нејзиниот нов дечко.

Бресквица не сака јавно да зборува за нивната врска, па вешто ги избегнува прашањата за нејзиниот емотивен статус.
Српските медиуми пишуваат дека наводно станува збор за богат бизнисмен, сопственик на позната фирма од Белград.
Новиот дечко
Бресквица веќе подолго време е со него во тајна врска, а тој наводно е еден од најпосакуваните ергени во Белград.
„Во врска се сигурно повеќе од еден месец. Најверојатно се запознале на некое излегување, бидејќи тој често излегува и е познато име во белградските клубови“, тврди извор за српските медиуми, додавајќи дека новиот дечко на Анѓела, кој има околу триесетина години, живее во луксузна населба на Нов Белград.

Бресквица, инаку, неодамна ја прекина врската со Немања, кој е вработен во МВР.
Како што тврди извор близок до Анѓела, проблемите во нивната врска траеле подолго време.
Бившиот Немања
Иако важеле за еден од најскладните парови на јавната сцена, до официјалниот раскин дошло пред неколку месеци, но пејачката тоа вешто го криела од јавноста.