Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“

„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека во рајската градина“ – напиша Марија и се збогуваше од својот татко, за кого во една прилика кажа: „Сè му простив“.

pochina-tatkoto-na-marija-sherifovikj-mojata-omilena-baraba-napravi-mnogu-problemi-se-mu-prostiv-01.jpg

Рајко Шерифовиќ, музичар од Крагуевац и татко на легендарната Марија Шерифовиќ, денес почина по тешко боледување.

На социјалните мрежи, пејачката сподели негова фотографија и напишa:

„Мојот татко.
Мојата омилена бараба.
Знам дека Господ сака такви како тебе и дека те чека во рајската градина.
Чувај нè таму каде што си сега.
Твојот шампион“.

Рајко и мајката на Марија, Верица, се разведени од 2003 година, а потоа тој се преженил и од вториот брак го добил и синот Данијел Павловиќ.

Нејзините родители имале многу проблеми и несогласувања, а иако долг период и Марија немала добар однос со него, пред неколку години, во една прилика пејачката откри дека добро функционира со татко ѝ.

„Направи Рајко многу проблеми во животот, но јас него сè му простив, прво затоа што ми е татко, второ, затоа што родителите не можеме да ги бираме, поготово што и не сакам да ги менувам“ – изјави таа во емисија.

pochina-tatkoto-na-marija-sherifovikj-mojata-omilena-baraba-napravi-mnogu-problemi-se-mu-prostiv.jpg

Тој последен пат се појави во јавност пред околу 6 месеци, на еден од нејзините концерти во Белград, а пејачката беше горда што тој ѝ бил поддршка таму, заедно со нејзината мајка. 

Прочитајте и „Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Верица Шерифовиќ

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Марија Шерифовиќ беше на Бали со полубратот Данијел, кој татко ѝ го добил од вонбрачна врска со друг... Во една пригода Марија Шерифовиќ откри дека родителите долго криеле од неа ...
Марија Шерифовиќ на одмор со синот – носат исти шорцеви на плажа, јаде домашна компир манџа „Какво море и луксуз без компир манџа“ – напиша Марија на фотографијата од тради...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg