Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што може да ја победи мојата љубов за нив“
- Детали
- петок, 19 јуни 2026
Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, поранешниот на Марија Микиќ, напиша: „Не постои судија, ниту пресуда, која не може да ја победи мојата љубов кон нив. Нема човек кој е посилен од срцето на нивниот татко. Јас не сум татко за секоја втора среда и секој втор викенд. Јас сум нивен ТАТО за секој ден, во мислите, во срцето и во секоја борба што ја водам за нив“.

Пејачката Марија Микиќ и Јован Пантиќ минатата година се разведоа, а се обидуваат да имаат нормален однос заради доброто на нивните две деца.
Ретко изнесуваат детали за разводот и односот во јавност, а Марија неодамна проговоре и сподели дека тоа била најдобра одлука која не била донесена лесно.
Сега таа е во врска со адвокат, а Јован на Инстаграм привлече внимание со емотивна објава за своите деца.
Тој сподели видео на кое се гледа како ги зема во градинка, а тие му се радуваат кога ќе го видат.

Освен снимката, тој сподели и неколку фотки со неговите три деца, двете од Марија и едно од претходно, на кои се гледа како уживаат во летни авантури покрај базен.
Во описот на објавата тој си ја отвори душата за татковството и напиша:
„Не постои судија, ниту пресуда, која не може да ја победи мојата љубов кон нив. Нема човек кој е посилен од срцето на нивниот татко.
Јас не сум татко за секоја втора среда и секој втор викенд. Јас сум нивен ТАТО за секој ден, во мислите, во срцето и во секоја борба што ја водам за нив.
Моето време со нив можеби има свој распоред, но мојата љубов кон нив нема граници. Многу невозможни работи сум направил во животот.
Затоа знам дека можам да направам и посебен календар за нас. Календар во кој многу повеќе денови со нив ќе имаат место, бидејќи љубовта кон нив не ја собира во ниту една пресуда, во ниту еден датум.
Бидејќи она што го носам во срцето за нив нема ограничување“.
Погледнете го видеото:
Фотки од неговата објава:




М. М. | Црнобело