Излеана канализација во Пефкохори – морето е кафеаво, привремена забрана за бањање на дел од плажата

Во едно од најпопуларните грчки летувалишта за Македонците, Пефкохори, заради пукање на цевка за транспорт на отпадни води, излиена е канализацијата и има привремена забрана за бањање на дел од плажата, каде морето е кафеаво, додека да се изврши дезинфекција и потребни анализи.

izleana-kanalizacija-vo-pefkohori-moreto-e-kafeavo-privremena-zabrana-za-banjanje-na-del-od-plazhata-01.jpg

Во текот на вчерашниот ден, во едно од најпопуларните грчки летувалишта на првиот крак, Пефкохори, заради дефект дојде до пукање на цевка за отпадни води, кои се излиле до поток, а потоа стигнаа и до морето.

izleana-kanalizacija-vo-pefkohori-moreto-e-kafeavo-privremena-zabrana-za-banjanje-na-del-od-plazhata.jpg

Сликата од кафеаво море која ги дочекала локалците и туристите не била воопшто пријатна.

izleana-kanalizacija-vo-pefkohori-moreto-e-kafeavo-privremena-zabrana-za-banjanje-na-del-od-plazhata07_copy_copy_copy_copy.jpg

Надлежните известија дека веднаш излегле на терен и почнале да работат на санација, со што за брзо, течењето било стопирано, а дефектот бил саниран.

Но, додека се работи на перење, дезинфекција (со хлор) на зафатеното подрачје и се чекаат резултати од спроведените лабораториски анализи, привремено е донесена забрана за користење на плажата за бањање.

izleana-kanalizacija-vo-pefkohori-moreto-e-kafeavo-privremena-zabrana-za-banjanje-na-del-od-plazhata--.jpg

Не станува збор за целата плажа во Пефкохори, туку поточно за делот од брегот каде што се наоѓа бич барот Акротири, на излезот од гратчето, во зона од 200 метри од двете страни кај местото на излевање.

Се очекува ново соопштение за состојбата, откако ќе бидат завршени анализите за тоа дали морето е безбедно на почетокот на летната сезона.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? ... Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео...
Изгорена кантина, уништени чадори – Плажата Гликади на Тасос по пожарот (фото) Кантината е целосно изгорена, опремата на плажата е уништена, исто како и голем ...
Девојка се удавила во Црна Гора додека правела селфи – „за влакно“ избегната и друга трагедија со дв... Вчера во Црна Гора млада девојка се удавила, откако голем бран ја повлекол во мо...
„Апокалипса“ во Хрватска по врнежите од снег и силниот ветар – откорнати дрвја, затворени училишта (... По обилните врнежи од снег, денес Хрватска, особено Загреб, се соочува со силен ...
„Немавме тоалет, греев вода во лонец за бањање“ - Рада Манојловиќ за сиромаштијата во која пораснала... „Капењето со лонци, во корита и буриња е долг процес - додека загрееш вода, доде...

Најчитани неделава