Изгорена кантина, уништени чадори – Плажата Гликади на Тасос по пожарот (фото)
- Детали
- петок, 11 јули 2025
Кантината е целосно изгорена, опремата на плажата е уништена, исто како и голем дел од прекрасната борова шума - како изгледа плажата Гликади по пожарот кој го зафати Тасос?

Пожарот кој на 9-ти јули изби во околината на плажата Гликади на Тасос предизвика штети, но за среќа нема поголеми последици.
Пожарникарите напорно работеле за да гo стават под контрола и да стават крај на огнената стихија, секојдневниот живот на островот се враќа во нормала, а паниката кај туристите е стабилизирана.
Прочитајте повеќе: Уништен бич бар, туристите панично напуштаат сместување – Снимки од пожарот на Тасос во близина на Лименас

Голем дел од прекрасната борова шума во оваа област е изгорен, уништена е опремата на бич барот на плажата, а целосно е изгорена и кантината.
плажата Гликади пред пожарот
На грчките медиуми и на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од плажата Гликади по пожарот каде се гледа материјалната штета.
Фотките кои се објавени на Фејсбук профилот на Diogenis Charalampidis B:






M. M. | Црнобело
