Ги става децата врз шпорет со влечки, вика со наплив на емоции – Бившиот на Марија Микиќ во посета на семејниот дом по разводот (фото)
- Детали
- понеделник, 25 август 2025
Додека Марија Микиќ има настапи на море, нејзиниот бивши се врати од Дубаи во семејниот дом да ги чува децата – заедно готват додека тие седат со нозете на шпорет, ќерката за првпат му кажа „те сакам“, тој ги прегрнува, си игра со нив, но и има чудни напливи на емоции со силно викање и пеење.

Поминаа неколку месеци откако Марија Микиќ и Јован Пантиќ објавија дека се развеле, а оттогаш пејачката беше постојано со децата Ѓурѓа и Милија – најголем дел од времето го минаа на море во Црна Гора, додека пак, нејзиниот бивши престојуваше во Дубаи.
Иако тој повремено објавуваше кадри што Марија му ги испраќа од децата, сега изгледа како да си дошол во семејниот дом, каде го помина цел викенд со нив, веројатно за да ги чува додека Марија има работни ангажмани.
Прочитајте и Ѕирнете во домот од 500.000 евра, кој ѝ припадна на Марија Микиќ по разводот: „Тој беше свесен дека на децата им треба стабилност“
Додека таа објавува фотки од море и настапи, Јован сподели голем број фотки и видеа на Инстаграм Стори, со кои сакаше да покаже како го надоместува времето со децата додека беа разделени.

Си разменуваат прегратки и се борат на гарнитура или во двор, си игра со нив во куќичката со кујна во дворот, но и на домашното игралиште, а кога им викна „Лубеница“, двете деца дотрчаа за да уживаат во летното освежување.

Нешто на што многумина не останаа имуни да искоментираат се видеата на кои тој покажува како заедно готват, додека децата се седнати на шанк, со влечки на нозете додека газат по работната маса, но и шпоретот додека се приготвува јадењето.

Во меѓувреме, тој покажа и како гласно пее кога го обзема наплив на емоции и вика, веројатно од љубов, а во еден момент сподели и видео на кое Ѓурѓа му кажува дека го сака, за првпат.

Уште неколку кадри кои ги сподели во видеа на Инстаграм Стори:




М. М. | Црнобело
