Ѕирнете во домот од 500.000 евра, кој ѝ припадна на Марија Микиќ по разводот: „Тој беше свесен дека на децата им треба стабилност“

Некогаш исполнет сон за семеен дом со сопругот и децата, а денес, откако бракот им се распадна, оваа куќа ѝ припаѓа неа и поранешниот сопруг се вратил кај родителите - како изгледа куќата на Марија Микиќ, за која со радост споделуваше дека ја купиле и ја уредувала како што секогаш посакувала?

kako-izgleda-kukjata-od-500-000-evra-koja-i-pripadna-na-marija-mikikj-otkako-se-razdeli-so-soprugot-shto-zamina-kaj-roditelite-01.jpg

Марија Микиќ не криела дека отсекогаш посакувала да живее во куќа и дека по долго време, конечно успеала да си го исполни сонот, кога се пресели во семејниот дом со сега поранешниот сопруг.

„Мислам дека не постои девојка на светот која не сонувала дека еден ден ќе си го опремува својот дом и ќе бира мебел баш каков што замислувала. Ова е мојот мир“ – напиша таа во една Инстаграм објава.

Српските медиуми пишуваат дека за куќата тие издвоиле 500.000 евра, а по разделбата од Јован, ѝ припаднала на неа, додека пак, тој се вратил кај родителите.

„Немаше расправии и натегања. Двајцата се свесни дека на децата им треба стабилност и на Марија ѝ остана куќата која заедно ја купија на кредит. Јован тоа го прифати без проблем. И понатаму се гледаат и заедно учествуваат во одгледувањето на децата, за што зборува и неодамнешната прослава на роденденот на Ѓурѓа“ – открил извор близок до парот, а пренесува српски Blic.

Прочитајте повеќе Се разведува Марија Микиќ - ги потврди шпекулациите еден ден по роденденот на ќерката

„Имав мала помош од мојата пријателка која е врвна архитектка, како и од студиото што ни работеше на проектот на цела куќа.

Во принцип, куќата која ја купивме е нова, а луѓето кои живееле тука ја граделе само за себе.

Кога се иселиле, останале само голи ѕидови и немаше потреба ништо да се работи, туку само да се дошминка и уреди“ – изјавила своевремено пејачката која била во 9-ти месец од бременоста кога се селеле.

Како и за многу други работи, таа тогаш го покажа и овој дел од нејзиниот живот пред фановите на Инстаграм, па сподели видео во кое открива како изгледала куќата пред и по трансформацијата.

Ѕидовите на куќата се „отворени“ со огромни прозорци низ кои влегува природна светлина, а декорирани се со метална ограда од надворешната страна.

Дневната соба е пространа и во неа има огромна гарнитура во П форма, каде некогаш целото семејство уживало со своите деца.

kako-izgleda-kukjata-od-500-000-evra-koja-i-pripadna-na-marija-mikikj-otkako-se-razdeli-so-soprugot-shto-zamina-kaj-roditelite.jpg

Во склоп на дневната соба има и трпезариска дрвена маса со сини столици, а просторијата продолжува со шанк и кујна.

kako-izgleda-kukjata-od-500-000-evra-koja-i-pripadna-na-marija-mikikj-otkako-se-razdeli-so-soprugot-shto-zamina-kaj-roditelite-02.jpg

Уредувањето е претежно во топли и природни бои, со фокус на дрвени елементи и масивни лустери, мермерни површини и модерни детали, а куќата има и голем двор со секакви садници, но и лулка за опуштање.

Повеќе фотки и видеа на кои се гледа куќата и уредувањето:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg