Се разведува Марија Микиќ - ги потврди шпекулациите еден ден по роденденот на ќерката
- Детали
- недела, 06 јули 2025
Откако пред три недели се пишуваше дека пејачката се разведува од сопругот - тој ги демантираше гласините. Но денес, само еден ден по 3-иот роденден на нивната ќерка, Марија јавно потврди дека е крај на бракот.

Пејачката Марија Микиќ и нејзиниот сопруг Јован Пантиќ се разделија.
Ова го потврди Марија, преку објава на Инстаграм Стори, а само еден ден откако објавуваше фотографии и видеа од роденденот на нивната ќерка.

За разводот се пишуваше и пред околу три недели, кога неколку медиуми пренесоа дека Јован го напуштил домот, но тој тогаш ги демантираше шпекулациите со пост на Инстаграм (кој сега е веќе избришан), а со порака „Не си сама“.
Денес (06.07) Марија реши да стави крај на сите шпекулации и да каже јавно низ што минуваат, со порака дека ова е последно огласување на таа тема и од нејзина страна, и од Јован.

Во нејзината порака пишува:
„Во овие тешки времиња што нè снајде, освен сè што се случува околу нас, постои и она што се случува во нашите срца.
Мислам дека долго време ви должам одговори на некои прашања и не се чувствувам добро поради тоа.
Причината зошто не се огласив беше затоа што сите вие баравте одговори од мене што дури ни јас не можев да си ги дадам самата со денови.
Поминував низ многу тежок период во мојот живот на сите полиња, а освен операцијата и моето здравје, за кои бевте информирани, повеќето прашања беа за мене и мојот сопруг.

Дури сега кога сама на себе можам да си го кажам тоа гласно, решив да ви кажам и вам.
Јован и јас решивме повеќе да не бидеме заедно. Животните патишта и приоритетите нè одведоа на спротивни страни, па и покрај нашите напори да го надминеме тешкиот период, не успеавме.
Од нашата љубов, која беше најголемата што некогаш сум ја почувствувала, добивме два ангела.

Ти благодарам Господе за нив и за љубовта што ми дозволи да ја доживеам.
Тешко е кога си разговарал за сè со некого и тоа веќе го нема. Ве молам разберете.
Иако љубовта меѓу партнерите повеќе не е на прво место, останува почитта меѓу нас, сеќавањето на сè убаво што сме го создале и најголемата сила да бидеме најдобри родители на нашите деца, како единствен тест во животот што треба да го положиме со 10.00.

Ви благодарам за разбирањето во овој тежок период од мојот живот, на сите полиња, ќе се обидам да бидам подобра и посилна.
Имав потреба да го споделам ова со вас бидејќи сте со мене уште од моите почетоци и мислам дека објаснувањето на ситуацијата е најмалку што ви должам.
Ниту Јован ниту јас повеќе нема да зборуваме на оваа тема, а вам ви посакувам да се чувате и да запомните дека здравјето е најважно. Ве сака вашата Мара“.

Прочитајте и По гласините дека се разведуваат и го напуштил домот, сопругот на Марија Микиќ јавно ѝ изрази љубов: „Не си сама“
А. Ј. | Црнобело
