По гласините дека се разведуваат и го напуштил домот, сопругот на Марија Микиќ јавно ѝ изрази љубов: „Не си сама“

По гласините дека го напуштил семејниот дом и ја оставил Марија сама со децата, Јован ги демантираше гласините и јавно ѝ искажа љубов на сопругата која периодов е под притисок: „Не си сама. Ни сега, ни никогаш. Те сакам!“ - напиша тој, откако претходно во негов стил се пошегува во коментари со неа. 

po-glasinite-deka-se-razveduvaat-i-go-napushtil-domot-soprugot-na-marija-mikikj-javno-izrazi-ljubov-ne-si-sama-01.jpg

Српските медиуми деновиве постојано пишуваат дека наводно дошол крајoт на љубовта и бракот на пејачката Марија Микиќ и нејзиниот сопруг Јован Пантиќ.

Тој неодамна го напуштил семејниот дом, но наводно бидејќи бил на службен пат, а по непристојно прашање од фановите, Марија го потврди тоа.

„Морам да те разочарам, повеќе од пола прашања се токму за тоа. Не е ни убаво поставено прашањето, бидејќи никогаш не знаеш кој низ што поминува.

Да, ние ја покажувавме јавно љубовта и тоа сите го знаат, посебно тие што не познаваат, но размислете генерално како би ви било ако некој ве праша – дали се разведуваш, зошто немаш деца, што си се здебелила?

Јован е на деловен пат и едноставно уште не е смислено како луѓето да бидат на две места во исто време. А ние на тато му стискаме палци да успее во тоа што го наумил“ – одговори таа.

Гласините дополнително се разгореа откако медиумите забележале дека Јован веќе не е во листата на следбеници на профилот на Марија на Инстаграм, што брзо потоа се промени и тој повторно ја заследил.

Но, додека се пишуваше дека ги оставил и го напуштил семејниот дом и решил да стави крај на бракот, Јован со еден потег ги демантираше гласините.

На Инстаграм, пред 3 дена, тој објави фотографија со Марија и напиша: „Не си сама. Ни сега, ни никогаш. Ве сакам! Твојот тим“.

Инаку, пред 10-ина дена, таа објави фотки од себе за да ја најави новата песна, а во нивни стил, тие се пошегуваа во коментари на своја сметка.

„Сега нема да се разведам“ – напиша нејзиниот сопруг, на што таа одговори: „Само прво извести ги сите“.

Прочитајте и Сопругот на Марија Микиќ ѝ ги објави најлошите фотки од галеријата во телефонот за да ѝ изрази љубов

Моментално, и пејачката е надвор од Белград, односно се наоѓа во Истанбул, за да направи контрола по операцијата на гласните жици која ја правеше таму за Велигден. 

Прочитајте повеќе: Марија Микиќ од болнички кревет во Истанбул: „Не фарбав јајца со моите деца, нема да сме заедно на празник – имав операции“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Марија Микиќ има нов дечко по разводот - адвокат од Белград, ѝ бил редовен гостин на настапите „Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го ра...
Марија Шерифовиќ со синчето на одмор – ужива на плажа во Котор, во луксузен ресорт со поглед на зали... Марија Шерифовиќ објави фотка од плажа со синчето Марио, но и од погледот кој го...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава