Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа е нормален однос“

„Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно му испраќам фотографии и заедно се договараме за сите работи што се поврзани со нашите деца“ - напиша револтирано Марија Микиќ, откако многумина се посомневаа дека се смирила со Јован, кој периодов постојано објавува моменти од децата на кои се гледа и пејачката со нив. 

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos-01.jpg

Марија Микиќ и нејзиниот поранешен сопруг Јован Пантиќ периодов се во фокусот на јавноста и медиумите од моментот кога споделија дека се разведуваат. 

Иако најавија дека ќе се грижат за децата заеднички и ќе останат во пријателски однос, сепак со некои постапки направија многумина да се посомневаат дека можеби се смириле. 

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos.jpgпостара фотографија од периодот кога беа во брак

Неодамна, тој ѝ напиша коментар на фотка „Ако сакаш уште едно дете јави ми се“, а деновиве, многу почесто споделува моменти од децата, иако е познато дека тие се на одмор со мајка им во Црна Гора. 

На некои од фотките и видеата, дури се гледа и ликот на Марија, па не е ни чудно тоа што освен фановите, и српските медиуми почнаа да шпекулираат дека можеби се заедно. 

Освен фотките од одморот на децата, тој повремено споделува и кадри од него со нив, кои веројатно се постари, но никогаш не го нагласува тоа. 

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos-02_1.jpg

Сепак, Марија е револтирана од шпекулациите кои се шират, па на Инстаграм Стори ја објасни ситуацијата, велејќи дека таткото на нејзините деца добива фотки и снимки од неа за да биде во тек што прават. 

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos-03_2.jpg

На едната објава, пејачката сподели статија и напиша: 

„Се надевам дека живееме во свет каде сфаќате дека е нормално и покрај сè, родителите да имаат нормален однос и да си испраќаат фотографии и видео записи од своите деца, за да надоместат за времето што не се заедно.

Имаме социјални мрежи и апликации за комуницирање, нели? Не разбирам од каде заклучокот дека сме на море заедно?

Мене ми е сосема нормално да го известувам таткото на своите деца за нив и да имаме контакт и заеднички одлуки за нивното растење“.

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos-02.jpg

Подоцна таа напиша уште една објава на Стори, која гласи:

„Не знам дали во денешно време е толку ненормално ако двајца луѓе се разделат, децата да не мора да страдаат?

Јас на својот поранешен сопруг редовно му испраќам фотографии, снимки и случувања и заедно се договараме за сите работи што се поврзани со нашите деца.

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos-05.jpg

Тоа не значи дека сме заедно на море, ниту што било слично што пишувате. Иако кажав дека нема да се огласувам на оваа тема, иако се тргнав да оздравам и да пронајдам мир, морав.

Нормална комуникација е одлика на одговорни луѓе кон тие мали и невини суштества, а и на снимките кои сте ги објавиле, многу јасно се гледа кој снима, па ако на таткото му пратам случки и споделам со него како го поминале денот, тоа значи дека сме заедно на море... ок“.

marija-mikikj-po-glasinite-deka-e-so-bivshiot-na-more-ne-sme-zaedno-mu-prakjam-fotki-od-decata-toa-e-normalen-odnos-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава