Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се врати во Србија по разводот?
- Детали
- недела, 28 септември 2025
Ги носи децата во црква и вели дека Бог го сменил на подобро бандитот кој бил во минатото, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на пејачи откако се врати во Дубаи, а има чудни напливи на емоции – силно вика и пее кога е со децата, плаче на концерти... Што прави Јован Пантиќ откако се разведе од Марија Микиќ?

На почетокот на јули годинава, Марија Микиќ ги потврди гласините дека решиле да се разделат со сопругот Јован Пантиќ.
Тие делуваа како да живеат идиличен семеен живот, во новата куќа која чинеше 500.000 евра, заедно со двете деца Ѓурѓа и Милија, како и синот Вук кој Јован го има од претходно, а повремено беше со нив.
Парот се раздели пријателски, а по разводот, Јован, кој личеше како да не успеал да се снајде во Србија, замина во Дубаи каде требаше да гради нов живот.
Во меѓувреме честопати беше мета на јавноста и медиумите заради некои постапки кои ги правеше откако се разделија и привлекуваше внимание со тоа.
„Јави се ако сакаш уште едно дете“ - Сопругот на Марија Микиќ со хит коментар на нејзина објава, среде развод
Изгледа дека тој си ја доби посакуваната популарност, се врати од Дубаи и сега во Србија влегува во нов бизнис, односно работи со пејачи и бендови, веројатно како дел од менаџерскиот и ПР тим, но промовира и брендови.
Тој на Инстаграм честопати промовира пејачи со кои соработува, млади таленти како Алекса Перовиќ, но и Лексингтон Бенд, на кои им ги споделува сите следни настапи, кои и самиот ги следи од први редови.
„Си прифатив еден голем предизвик, со овој млад дечко да создаваме некоја друга приказна.
Нов сум во оваа работа, но верувам дека со него ќе бидам голем. Верувам дека заедно ќе постигнеме успех и дека ќе стигне таму каде што заслужува.
Ги молам сите добри луѓе да ни дадат малку ветер во грб“ – напиша тој во една прилика кога ја објави соработката со Алекса.
Сега, тој на Инстаграм Стори објави видео од концертот на Лексингтон Бенд и напиша:
„По толку концерти на кои сум присуствувал, и понатаму плачам како дете. И верувам дека ваква музика и вакви луѓе го прават светот подобар за сите нас“.
Претходно тој им го промовираше концертот со видеа на кои самиот дома пее срцепарателни песни, додека вика силно и личи како да го допираат длабоко во срце.

Во меѓувреме, тој се труди да поминува повеќе време со децата, често објавува како се занимаваат во текот на денот, покажува дека му се најважни во животот, заедно си играат, а ги споделува и необичните испади на љубов и емоции.
Често на цел глас им вели дека ги сака, гласно им пее народни песни, им дозволува секакви работи, од типот на заедничко готвење додека тие седат со влечки врз кујната и газат по шпоретот.

Но, од неодамна и самиот се сврте кон верата и Бог, откако призна дека во минатото водел бурен живот по кој се смирил, а сега се труди и децата да ги носи во црква.
„Во недела ги носам децата во црква, кога сум во можност, полека учат дека постои место каде што срцето ни мирува и каде човекот се учи на љубов.
Јас не растев така, како мал не сум одел во црква, освен понекогаш за празници. Можеби не сум бил подготвен да ја прифатам верата и да ја почувствувам со срце.
Дури подоцна во зрелите години се приближив до Бог и сфатив дека дојде во вистинско време.
Му заблагодарувам што од таков бунтовник и бандит ме направи тоа што сум денес, што од мене го отстрани она што не чини, а го остави она доброто по што сум различен од останатите.
Луѓето кои ме познаваат знаат некои работи. Моите деца сакам порано да научат и да не лутаат во животот...“ – гласи дел од објавата, а сподели дека за себе и за нив купил ланчиња со приврзок крст.
Кликнете на видеото:
Марија во меѓувреме, долг период престојуваше на море во Црна Гора, со децата, но и сама, а сега го најави својот прв настап по долго време, бидејќи закрепнуваше од операција на гласните жици.
М. М. | Црнобело
