„Јави се ако сакаш уште едно дете“ - Сопругот на Марија Микиќ со хит коментар на нејзина објава, среде развод
- Детали
- четврток, 24 јули 2025
„Чекаме одговор. Глупаво би било да одбие ваков фраер“, пишуваат следбениците на Марија, откако мажот со кој се разведува јавно ѝ порача да го побара ако сака уште едно дете со него.

Српската пејачка Марија Микиќ пред околу 20 дена објави дека се разведува од сопругот Јован Пантиќ.
Таа преку Инстаграм Стори ги потврди гласините дека веќе не се заедно, и тоа еден ден по третиот роденден на нивната ќерка.
А токму нивната ќерка е причина што Марија и Јован повторно се најдоа во центарот на вниманието.

Пејачката на својот Инстаграм објави фотографии од ќерка си која позира како мала манекенка.
Во описот на фотката напиша „Вели, сака да биде како мама“.
Ова предизвика бројни коментари кај нејзините следбеници, но еден од нив не остана незабележан, бидејќи го остави нејзиниот наскоро поранешен сопруг.
„Јави ми се сако сакаш уште едно дете“ - напиша тој.

Во јавноста беа изненадени од неговата реакција, особено што Марија и Јован се среде развод.
По ова многумина ги прашаа дали ќе се смират.
„Чекаме одговор. Глупаво би било да одбие ваков фраер“, пишуваат следбениците на Марија по хит-реакцијата на нејзиниот некогашен сопруг.

За потсетување, парот има две деца, а на почетокот на јули открија дека патиштата им се разделиле, но рекоа и дека веќе нема јавно да коментираат ништо во однос на нивниот развод.
Прочитајте и Се разведува Марија Микиќ - ги потврди шпекулациите еден ден по роденденот на ќерката
А. Ј. | Црнобело
