Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се врати во Белград (фото)
- Детали
- вторник, 07 април 2026
Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ѝ Верица патува сама со внукот, за да ѝ го донесе, па кога пристигна син ѝ, напиша: „Фала ти животе“, па објави фотки од себе, но и од Марио со баба на плажа.

Марија Шерифовиќ изминатиот период ужива на Бали, од каде повремено објавува фотки и видеа, а во една Инстаграм снимка откри дека би сакала никогаш да не се врати.
„Не се грижете, ќе се вратам навреме во Белград за обврските, иако размислував да не се вратам никогаш, но за тоа потоа, малку го пролонгирав тоа“ – вели таа додека шета низ прекрасната природа во Бали.

Пред неколку дена, пејачката сподели и слика од мајка ѝ Верица со нејзиниот син Марио, како патуваат сами во авион и најави дека едвај чека да ѝ пристигне љубовта на Бали.
„Баба и внук! Подготвени за нова епизода, и тоа најубавата“ – напиша во опис на фотката.

Подоцна, кога синот пристигна, таа објави видео со него во нејзината прегратка и напиша: „Ми стигна мојата радост“.

Шерифовиќ покажа како синот Марио ужива на плажа со баба Верица, а сподели и неколку фотки од себе додека се опушта покрај базен, но и на брод.



Погледнете го нејзиниот влог од Бали:
М. М. | Црнобело
