Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео)
- Детали
- вторник, 28 април 2026
„Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Твитер. Погледнете ја хит реакцијата на српскиот заводник Владaн Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“...

Познатиот пејач и фронтмен на „Магла бенд“, Владaн Савиќ, доживеа интересна ситуација за време на настап, кога девојка од првиот ред му подаде ливче со својот телефонски број.

Владaн, кој е среќно оженет, на видеото ѝ приоѓа на девојката и го зема ливчето, а по неколку секунди виде дека на него е испишан телефонски број.

Тој се насмеа и веднаш ѝ ја покажа бурмата, со што јасно ѝ посочи дека е зафатен и дека не е заинтересиран. Потоа ливчето го остави кај својот колега.

Неговата реакција e хит на Твитер.
Еден од коментарите гласи: „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“.

Да потсетиме, сопругата на познатиот пејач не сака медиумска експонираност, а Владaн има изјавено дека тоа е нивен заеднички договор.
И покрај тоа, таа повремено се појавува на концертите на бендот.

Погледнете ја сцената:
С. С. | Црнобело
